Ципрас гo повика Мицотакис на ТВ дуел за Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР  во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа.

Ципрас рече дека во добиениот текст, “соседите освен што известуваат, имаат и  толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот   nationality  се однесува исклучиво на државјанство и второто што го појаснуваат е дека македонски јазик признат од 1977 година припаѓа на словенската група јазици”.

Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демонратија Киријакос Мицотакиси го повика на дуел за Договорот од Преспа или во парламентот или на некоја телевизија.