Ципрас: Грција нема да прифати предизвик кон нејзиниот територијален интегритет

Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Изјавата на Ципрас следи по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море, за чиј суверените спорат Атина и Анкара.

– Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, порача Ципрас.

Потенцирајќи дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ, Ципрас додаде дека „предизвиците и агресивната ретоорика кон суверените права на една земја членка на ЕУ, се насочени и кон целата Унија“.

Во врска со судирот на двата брода во понеделникот, Анкара и Атина меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за инцидентот, потенцирајќи дека тој се случил во „нивни територијални води“.

Поради Имија/Кардак, Грција и Турција во 1996 година се најдоа на работ на војна