Ципрас в петок во Белград на средба со Вучиќ


Грчкиот премиер Алексис Ципрас в петок ќе го посети Белград и ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти кабинетот на шефот на српската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, по средбата предвидено е да се одржи втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција, на која ќе присуствуваат Вучиќ и Ципрас.