ЦИВИЛ: Физички нападнат екс амбасадорот Игор Есмеров

Игор Есмеров, до неодамна амбасадор на Македонија во Будимпешта, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, физички бил нападнат синоќа во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје.

Нападот го извршило едно лице што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и силен удар во задниот дел од главата, по што нападнатиот паднал. Нападнатиот ја задржал присебноста и не одговорил на нападот.

Неофицијално дознаваме дека напаѓачот е син на еден поранешен градоначалник. Според сведоштвата, непосредно пред нападот, тој ја малтретирал и својата придружничка. Случајот е пријавен во полиција.

Поранешниот амбасадор, инаку, е познат по своите јавни настапи за поддршка на референдумот