Хрватскиот државен секретар кој си даде оставка е со невработена сопруга и два кредити (ВИДЕО)

Балканските медиуми се импресионирани од потегот на хрватскиот државен секретар кој на сред прес конференција си поднесе оставка.
Разочаран од моменталната ситуација во Хрватска, триесет и двегодишниотот Марин Стрмота изјави:

„По една година и четири месеци во Владата, како демограф и еден млад човек, мислам дека ова не е доволно сериозно, а денес се откажувам од функцијата државен секретар. Државата е изумира, имаме најлоша ситуација од постоењето на државата. Многу не сериозно зборуваме за ова … Како млад човек, хрватски државјанин, татко на две деца, со невработена сопруга и невработени родители, не верувам дека нешто ќе се реши со овој пристап.”

Како што јавуваат медиумите, Стрмота поседува автомобил марка Volkswagen Golf 2008, има два кредита во висина од 30. 000 евра, неговата плата била 2. 000 евра, има невработена сопруга, невработени родители, две деца, член е на ХДЗ, д-р по демографија и добитник на наградата “Мијо Мирковиќ”.