Хрватска со најголем раст во индустриското производство во ЕУ

Хрватска, покрај Ирска и Данска, забележа најголем пораст на индустриското производство во октомври во однос на претходниот месец меѓу земјите во Европската унија, покажува извештај на европскиот статистички уред.

Во Хрватска сезонски приспособено индустриско производство во октомври порасна 2,7 отсто на месечно ниво, со што нејзиното темпо е двојно зголемено во однос на септември, кога е зголемено 1,4 отсто, покажуваат податоци на Евростат.

Најголем пораст на производство на месечно ниво забележа Ирска, за 10,6 отсто, потоа Данска со 2,8 отсто. Во однос на претходниот месец, најмногу е намалено производството на Малта, за 6,1 отсто, во Португалија за 2,3 отсто и Германија за 1,8 отсто.