Хрватска и Унгарија во 2017 година незаконски депортирале 1.500 мигранти во Србија


Во 2017 година Хрватска и Унгарија незаконски депортирале околу 1.500 имигранти од нивната територија во Србија.

Како што изјави во вчера директорот на Српскиот центар за заштита и помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ,  „Хрватска и Унгарија депортираат мигранти на територијата на Србија, обидувајќи се да ја претворат нашата земја во тампон-зона. Хрватска, на пример, секој ден враќа во Србија 30 мигранти. Вкупно за 2017 година Унгарија има депортирано во Србија околу илјада мигранти, Хрватска во истиот период има депортирано 500. Нелегалното депортирање мигранти не е само прекршување на меѓународните закони и прописи, но и прекршување на законите на ЕУ и шенген-спогодбата“, рече Ѓуровиќ.

Претходно, на состанокот на Советот за надворешни работи на ОБСЕ во Виена, првиот српски заменик-премиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, побара од ОБСЕ да го реши проблемот со мигрантите со сите можни средства.