Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки


Хрватските полицајци, кои денеска го чуваа плоштадот Свети Марко во Загреб, за време на протестот поради посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ, привлекоа внимание со необичните пушки, објави „Вечерњи лист“.

Станува збор за специјални пушки, наменети за соборување дронови.

Минатата година хрватската полиција набави опрема во вредност од 4,6 милиони евра, вклучително и антидронови пушки по цена за едно парче 35.750 евра.