Хрватската опозиција доби нов прекар

Едномесечен притвор поради страв од повторување на делото и е одреден на Вера Бегиќ-Блечиќ, функционерка на хрватската СДП (Социјалдемократска партија) во Хрватска, затоа што во четвртокот под дејство на алкохол предизвика сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

Несреќата се случи во Ријека, кога раководителката за спорт во овој приморски град, со 1,81 промил алкохол во крвта го промаши правецот на познатиот риечки „ипсилон“ и возејќи во спротивен правец, удри во автомобил во кој се превезуваше тричлено семејство. Возачот Игор Солдатиќ (41) почина на самото место, додека неговата сопруга и ќерка се здобија со полесни повреди.

Бегиќ и лани учествуваше во сообраќајна несреќа под дејство на алкохол, но тогаш немаше жртви, поради што сега се бара одговорност и од градоначалникот на Риека што ја оставил на функцијата и покрај проблематичното однесување. Од СДП најавија суспензија, а претседателот на партијата, Давор Бернардиќ рече дека за неа веќе нема место во партијата. Нивните главни опоненти, водечкиот ХДЗ (Хрватска демократска заедница) веќе им смислија нов прекар: СДП – „Само два промила“.