Хороскоп: Јарецот да внимава со парите, Стрелецот ќе има загарантиран успех

ОВЕН: Денес може да напредувате само ако добро ја користите својата физичка сила – со храбра акција ќе ги промените околностите и ќе воспоставите ред со голема разборитост. Ќе загосподарите со искушенијата и ќе ги избалансирате спротивставените сили. Дисциплина и ред.

БИК: Во вас се случуваат промени кои бараат да ги браните вашите уверувања и ставови. Вашето знаење се продлабочува во разбирање и со јаснотија ќе ги разгледате постоечките амбиции, цели и планови, без оглед колку тие се лимитирани. Избегнувајте расправии и кавги.

БЛИЗНАЦИ: Сега мора да преземете нов пристап и да ги решите финансиите со мудро дејствување – нешто ќе добиете, од нешто ќе се откажете и, иако можеби тоа ќе ви е тешко, сепак на крај ќе го постигнете саканото. Осаменоста го поттикнува вашето духовно растење и мир.

РАК: Миленици на Сонцето и Меркур во вашиот знак, имате шанса за средба која е спонтана и разиграна, а која го исполнува вашето срце со радост и имагинација. Дури и ако постојат блокади, со големо трпение ќе ги надминете и ќе се уверите дека и тие ви служат во развојот.

ЛАВ: Можеби ќе сте бавни, но сепак одлучни да делувате и тоа на испробан и одговорен начин. Сега имате голема волја да го смените својот свет, но не преку храбри и директни дејствија, туку со веќе докажани методи. Внимавајте на здравјето, големата топлина, како и на соработниците.

ДЕВИЦА: Аспектите укажуваат на можна загуба, како и желби од типот – што би било, кога би било – ова не е препорачливо. Не ѝ дозволувајте на тагата да го преземе целото ваше расположение и не го игнорирајте она што сѐ уште го имате. Крајот секогаш значи нов почеток.

ВАГА: Неколку аспекти покажуваат неефикасно користење на сопствената сила и немање такт – не им се вртете на другите во кавга и не закачајте се со оние што се праведни. Така ќе избегнете безначајно насилство и директен напад. Немањето на дисциплина може да ви засмета сега.

СКОРПИЈА: Не им се предавајте на загубените надежи и дилеми. Можеби сѐ уште е тешко да дојдете до плодовите на вложениот труд и веќе сте уморни, болни или само истрошени, но очајот може да ве доведе до погрешни одлуки. Сѐ е тест, затоа преиспитајте ги вашите мотиви.

СТРЕЛЕЦ: Со што и да се зафатите денес, ве очекува успех на широка врата. Имајте во предвид дека и на дрвото му треба време да произведе плод, па така и вие угледајте се на природата и уживајте во креативната инспирација. До крајот на денот ќе дојдете до голема благосостојба.

ЈАРЕЦ: Месечината во Вага укажува на неповолни вести поврзани со бизнисот, финансиите и физичкиот свет воопшто. Не си дозволувајте преголемо уживање во луксуз и физички ексцес, оставајќи ги материјалните работи за некој друг ден – времето е сега. Ирационалност и трошок.

ВОДОЛИЈА: Нови надежи и извонредни откритија за блиската иднина. Сега имате длабоки увиди, инспирација, храброст и свесност за вашето духовно сопство. Баланс помеѓу телото и душата, кој ќе ви помогне да го управувате својот живот. Отворени сте за давање и за добивки.

РИБИ: Ретроградниот Нептун ги открива сите слабости и илузии во однос на некоја деструктивна врска – приватна или професионална. Сега ви е потребна болно искрена комуникација и дистанцирање од туѓите негативни емоции и состојби. Изиграна доверба при обид за помош.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com