Хороскоп: Што советуваат ѕвездите денес

ОВЕН: Што и да започнете денес, има шанси да биде успешно – колку повеќе резултати ќе добиете, толку поповолни ситуации ќе доаѓаат во ваш правец. Пред вас е екстремно успешен период на повеќе полиња. Бидете храбри, но и внимателни да не навредите некој близок.

БИК: Ова е транзиција, како и завршување на еден кармички чекор во кој ги исполнивте сите свои должности. Сега е време да патувате, да менувате работа или добиете промоција, како и за изучување на странски јазици. Странци во интимната арена. Искри.

БЛИЗНАЦИ: Можеби овој период не е со карактер на леснотија, но запамтете дека набрзо среќата повторно ќе ви се насмее – сето ова е само привремено. Луѓето сметаат дека сте некој кој лесно прави пари. Бидете внимателни да не се поткачите со пријателите. Одмор.

РАК: Имате чувство како да сте вплеткани во некои ситуации каде што треба да чекате, а тоа ве прави нервозни. Верувајте и работете упорно и набрзо ќе се справите со сè. Знаете дека стоите на праг на крупни промени, затоа почекајте уште барем малку.

ЛАВ: Се создаваат можности да ги покажете своите таленти, да ги вреднуваат вашите дарби и да го надминете натпреварувањето. Истапете од сенката – вие и вашата работа сте важни и сега не треба да потклекнувате. Верувајте во себе и својата работа. Споделете идеи.

ДЕВИЦА: Не го трошете животот залудно – во вашиот живот дојде до пауза. Очекувајте дека таа привршува и не трошете ја својата енергија на ситниците, туку најдете ѝ покорисна и удобна апликација. Желбите ќе ви се исполнуваат, но само ако не сте суперкритични.

ВАГА: Можно е да бидете разочарани од личноста која што ја сакате. Сепак не го сфаќајте тоа толку трагично. Наскоро се појавува нова шанса, а токму овој период е карактеризиран со шанси за добар профит, но не е за патувања. Не заглавувајте во деталите.

СКОРПИЈА: По долг период на предизвици, сега е момент на олеснување и успех. Сонцето во Девица ќе ви донесе сè што посакувате. Можно е да појдете на долго патување. Брилијантен успех во љубовта, науката и во работата. Шанса да се докажете како лидер.

СТРЕЛЕЦ: Наизглед сè се чини дека е во ред, но не е. Заробени сте од илузии и намерно посакување на недостижното. Послушајте совет од пријател. Судбината во овој период ви е наклонета, но не треба целосно да се потпрете на тоа и да си упропастите убави шанси.

ЈАРЕЦ: Имате чувство како да сте се искачиле на врвот на некоја планина и не можете да се релаксирате. Сепак бидете будни и мудри додека сте на врвот. Пред вас се крупни промени следните шест месеци, а периодов ги поддржува вашите потфати. Бидете скромни.

ВОДОЛИЈА:Она што ќе им го дадете денес на другите, ќе ви се врати во иднина. Можеби ви се чини дека сте растрошни и дека давате премногу донации, но оваа импресија набрзо ќе мине и вие ќе бидете широкоградо наградени. Планирање и интелектуална активност.

РИБИ: Ова е период кога ја менувате средината и му давате нова структура на својот живот. Средба со старите пријатели и активности. Сега е време да селектирате какви чекори ќе направите за да го подобрите својот живот. Околината не ве задоволува и сакате повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com