Хороскоп: Што советуваат ѕвездите денес

ОВЕН: Штом една врата се затвора, веднаш нова се отвора и грст можности доаѓаат со тоа – отпочнува нов циклус. Размислувате за трансформација на својот живот и посакувате промени, на приватен и социјален план. Совесната работа ќе ве доведе до голем успех.

БИК: Пред вас се отвораат прекрасни можности за изразување на вашите вештини и дарби – доволно чекавте, ова е ваше време! Поволен период за секаков вид на забава, но без претерување. Нека не ве оптоваруваат деталите сега, туку фокусирајте се на своите желби.

БЛИЗНАЦИ: Сега кога среќата е љубезна со вас и има прогрес во вашата кариера, сетете се на пријателите. Немојте да сте фриволни. Ако сакате тие и понатаму да ве придружуваат во вашите потфати, обидете се да ги поддржите во основните активности. Штедење.

РАК: Во овој период во вашата судбина доминираат јаснотијата и едноставноста. Многу веројатно е дека ќе успеете доколку ги преведете вашите вредни мисли т.е. идеи со соодветна опрема. Трпеливо чекајте на своето време, кое доаѓа по почетокот на Септември.

ЛАВ: Месечината во Водолија носи извесни промени во животниот стил – сега наоѓате пријатели и ги дефинирате своите врски. Се изолирате од оние кои што не ве прифаќаат, ниту помагаат, приоѓајќи им на оние кои можат да ве разберат. Романса. Богата интима.

ДЕВИЦА: Иако сега ве следи успех, немојте да сте премногу сигурни во себе, ситуацијата би можела да се смени. Затоа продолжете намерно и претпазливо и не се занесувајте во љубовната сфера. Некој од околината погрешно ги интерпретира вашите дејствија. Набрзо успех.

ВАГА: Имајте во предвид дека додека чекате, всушност собирате сила а која ќе ви биде потребна наскоро. За два месеци ќе се појави личност која ќе ви помогне со вашите потреби. Доколку делувате решително и енергично преземете акција, успехот ќе дојде побрзо.

СКОРПИЈА: Понекогаш е потребна огромна работа за да се дојде до резултати – сега инвестирате во основните активности и правите листи за комплетирање на некој тежок проект. Инвестиција и во имотот и недвижностите. Штедење. Нова врска, на која ѝ фали нешто.

СТРЕЛЕЦ: Сè околу вас е во движење и промена, но на крај резултатите ќе ги надминат и вашите најлуди сништа! Во моментов не се чувствувате доволно сигурно во себе, но самодовербата ќе ви се врати набрзо со сосема нови перспективи. Околностите се менуваат.

ЈАРЕЦ: Сега може да добиете единствено ако сте воздржани – истрајноста нема да ви донесе корист. Пред вас се отвора убав период за интересни забави, одмори и дружба. Почнете да размислувате како ќе ги имплементирате своите планови подоцна. Време за медитација.

ВОДОЛИЈА: Развивате нова персона и се редефинирате себеси обновувајќи ги друштвените контакти. Доаѓате до позиција со која ќе ги изразите вашите таленти, а со тоа ќе ја зголемите и самодовербата. Престанете да осудувате и живејте ги своите фантазии.

РИБИ: Овој период е поповолен за да ја зајакнете лидерската позиција, отколку да регрутирате истомисленици за својата кауза. Бидете доследни на своите принципи, дури иако вашите цели се менуваат. Мали победи и успеси. Бидете спремни за крупни промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com