Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес

ОВЕН: Пред вас претстои работа на внатрешен и надворешен план, со која ќе ја намалите менталната тензија или болест и ќе ги надминете. Се обидувате да влијаете врз некој срамен чин и да го исправите, покажувајќи верност, трпение и несебичност. Отстранување на старото.

БИК: Ретроградниот Марс може да ви предизвика застој при извршувањето на работата, комерцијалните трансакции или вработување. Сепак, обидете се да ги искористите своите таленти во полн потенцијал – не сфаќајте ги работите здраво за готово и соочете се со драмата.

БЛИЗНАЦИ: Доколку не внимавате на комуникацијата денес, би можеле да се соочите со катастрофални последици. Чувството за внатрешна вредност расте, но треба да знаете дека им должите на другите исто толку колку и на себеси – во сѐ! Можеби ќе биде подобро да се повлечете.

РАК: Денес е можно да се соочите со некој вид блокада, а поради која ќе се чувствувате беспомошно. Сепак, знајте дека со трпение ќе успеете да направите прогрес, а доколку сте болни или изморени, успешно ќе се справите со симптомите. Соочете се со стравот со трпение.

ЛАВ: Со Меркур и Венера во вашиот знак пред вас се отвораат нови шанси за напредување – работите полека се разјаснуваат, но ќе треба да внимавате да не говорите на недоличен и саркастичен начин. Брз заклучок на некој конфликт, по кој ќе ги разрешите дилемите денес.

ДЕВИЦА: Пред вас е добра шанса за средба со проминентни личности и ќе бидете во можност да им помогнете на другите. Работата што е побарана од вас ќе се претвори во финансиска придобивка и некој ќе ви направи добра понуда. Напредување преку контакт со некој авторитет.

ВАГА: Сега сте повикани да ги контролирате емоциите – коректната акција е единствената заштита што ја имате. Привремено повлекување од стресот, кој се претвора во рутина. Доколку минувате низ турбулентно време, задржете ја перспективата – само така ќе пораснете.

СКОРПИЈА: Вашиот комодитет е нарушен, а тоа може да ве втурне во негативни врски поради стравот да не останете сами. Погледнете ги подлабоко работите и доколку најдете во себе темни катчиња, исчистете ги грижливо или побарајте експерт. Не занесувајте се со мечтаење.

СТРЕЛЕЦ: Не дозволувајте си вашата природна склоност кон елитизам и снобизам да ви ги расипе одличните шанси за материјално напредување. Немањето дисциплина може да ги еродира вашата сигурност и стабилност. Немојте да сте нечесни во финансиските работи и цели.

ЈАРЕЦ: Викендов се здобивате со шанса да се повлечете и да се борите за себе кога условите ќе бидат подобри. Се отстранувате од некоја ситуација во која не сте ни требало да бидете вовлечени. Обидете се да ги решите работите без конфликт, користејќи ја својата интелигенција.

ВОДОЛИЈА: Ретроградниот Марс во вашиот знак ви причинува слабост при справување со препреките и тешкотиите, а тоа може да доведе до злоупотреба на вашата лична сила. Обидете се да се одбраните и бидете подготвени да ја расчистите сета можна конфузија. Чекајте.

РИБИ: Вашето влијание и лична сила еродираат и не успевате да артикулирате што сакате и да поставите цели за во иднина. Не дозволувајте да бидете со спуштен гард, поради носењето несоодветни одлуки. Тврдоглаво и незрело водство, како и губење интерес, верба и цел.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com