Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес

ОВЕН: На самиот почеток на оваа недела би можеле да се соочите со неповолни вести околу работата, финансиите или физичкиот свет. Не се препуштајте на сензуални уживања, луксуз и екцеси, заборавајќи на должностите во светот околу вас. Растрошност и дефокусираност. Мера.

БИК: Со Меркур и Уран во својот знак доаѓате до една фаза кога постигнувате голема зрелост, трпение и толерантност кон туѓите размислувања. Сега подобро ја разбирате човечката природа и интуитивно знаете кој каква сила поседува. Умешно користење на дипломатските вештини.

БЛИЗНАЦИ: Сонцето од вашиот знак ве дарува со чиста логика, резон и природна интуиција, па се здобивате со подлабоки увиди и моќна перцепција. Доскорешните дилеми и конфузија се расчистуваат и сега добро ги согледувате двете страни на секој аргумент. Остроумност и итрина.

РАК: Вашите тешкотии завршуваат, а тоа ве доведува до духовна трансформација – она што не ве скрши, дефинитивно ќе ве направи посилни, а во тоа се состои извојуваната победа. Неколку неочекувани случки ќе ве израдуваат и сѐ ќе биде успешно. Најдете време да се одморите сега.

ЛАВ: Не ја расфрлајте својата енергија на повеќе ангажмани, обидете се да се ослободите од нешто и да останете трпеливи, бидејќи само така ќе го постигнете саканото. Проценете добро како се одвиваат работите и усогласете се со идните планови. Ова не е време за промена. Мир.

ДЕВИЦА: Сега е време да причекате и да видите како ќе се одвиваат работите во кои вложивте голем труд и напор. Имајте трпение и чекајте, а во меѓувреме истражувајте – ова е период на трезвена анализа, не се борете со судбината. За неколку месеци работите ќе си дојдат на место.

ВАГА: Имате чувство дека животот стои – како дојдовте до тој заклучок? Недоверба, себични и материјалистички ставови. Сепак ќе треба да направите мала жртва – не одбивајте да се усогласите со другите и да ја чуете својата интуиција. Губите волја и стремите кон ексклузивитет.

СКОРПИЈА: Денес се соочувате со тешкотии поради преголема растрошност, болест, зависност или некој друг надворешен фактор. Сега сте многу чувствителни, па ќе треба да внимавате да не ги расипете вашите односи со колегите и блиските. Можно е нагло патување.

СТРЕЛЕЦ: Бидете спремни за непријатни изненадувања – соочете се со ситуацијата и видете ги работите онакви кави што навистина се. Можеби ќе треба да го смените работното место или вашиот дом, за што треба да сте особено внимателни. Не дозволувајте да ви падне фокусот.

ЈАРЕЦ: Денес сте успешни и што и да работите ќе бидете задоволни. Сепак, добро е да внимавате како се однесувате со пријателите и колегите – не провоцирајте завидливост и лутина кај нив, туку завршете си ги работите храбро и тивко. Менувате мислење за некој близок.

ВОДОЛИЈА: Се соочувате со неочекуван потфат или работа, шанса каде што ќе ги покажете храброста, жарот и ентузијазмот. Најавување на некоја новост и почеток на проект во кој вложувате голем труд и сила. Сега сте полни со виталност, креативност и сѐ што ќе фатите цвета.

РИБИ: Сега имате шанса да се одморите и повлечете, радувајќи се поради успешно завршените планови. Почеток на нов успешен проект или бизнис, како и среќа и задоволство во постоечките врски. Можна прослава, како свршувачка, свадба или крштевка – радост и исполнетост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com