Хороскоп: Што ви велат ѕвездите за денес?

ОВЕН:
Месечината во Девица го бара вашето внимание во непосредната околина и сега ќе треба да ги покажете сиот свој шарм и личен магнетизам на оние што го бараат вашиот совет. Имате многу да понудите и ова е прекрасен период за изучување, во што се состои и вашата сила. Не заборавајте да им дадете доволно слобода на саканите.

БИК:
Динамичен ден, исполнет со силни емоции и страсти, но благодарение на резервираната Месечина во Девица, во последен момент ќе си го вратите разумот. Точно е дека имате силна енергија, но таа треба да биде искористена практично, за да се создаде искрена и солидна основа. Најдете време за себе и одморете се.

БЛИЗНАЦИ:
Сега ги преземате работите во своите раце и ја враќате контролата во својот живот. Ги имате сите услови за успех, но добро е да ја надминете ноншалантноста, која се провлекува веќе некое време. Ако ви треба време за себе, излезете со нови пријатели, земете свеж здив и продолжете со животот. Бидете трпеливи сега.

РАК:
Се здобивате со чувство за успешност, додека во себе се борите со куп дилеми: планетите укажуваат дека треба да правите избори, а не знаете од каков тип, бидејќи вашите блиски, се чини, ви вртат грб и секој поаѓа по својот пат. Со сила убавина не бидува и нема да успеете да ги убедите другите во својата гледна точка. Забавете малку.

ЛАВ:
Сега треба да се адаптирате и да направите реориентација, а аспектите велат дека тоа ќе ви оди мошне лесно и од рака. Луѓето уживаат во вашето друштво и зрачите со шарм и љубезност: разговарате со колегите и тие ве слушаат, користејќи ја мудроста по која што сте познати. Пред вас е богат период, полн со динамика и активности.

ДЕВИЦА:
Откако ја покажавте својата вештина, денес најмногу би се повлекле и би си уживале во сопственото друштво. Нема ништо лошо во тоа, впрочем тоа треба да го правите почесто и на тој начин ја надминете подозривоста, предизвикана од премногу работа. За да ги ставите сите свои проекти во перспектива, потребен ќе ви биде одмор.

ВАГА:
Нема место за подозривост, денес е ден кога ќе поставите поздрави граници во својот живот: ако некој го ниша кајчето додека одмарате, ќе треба да се соочи со последиците од своето однесување. Надминете ја неодлучноста и не губете време копајќи во минатото. Динамични промени и информации. Задржете го авторитетот. Решенија.

СКОРПИЈА:
Соочени со повеќе избори, се чини дека почнувате да губите храброст. Аспектите во земјените знаци инсистираат на логика и рационалност, а тоа може да ве фрустрира. Можеби мислевте дека полесно ќе поминете и ќе може да им се посветите на љубовните активности, но тие ќе почекаат. Од вас се бара прецизност.

СТРЕЛЕЦ:
Чудно е што токму вие пријатели, почнувате да губите верба и да се сомневате во своите блиски, но и во себе: точно е дека имате повеќе избори, но дилемите ве спречуваат да напредувате солидно. Марс во Бик ви нуди практични, а сепак креативни солуции, за кои ќе треба да бидете истраете и бидете трпеливи. Некој ќе има слух за вас.

ЈАРЕЦ:
Денес акцентот паѓа на романтичниот живот: секакви варијанти се возможни! Сонцето во Риби го активира вашиот друштвен круг и успевате и со најтешките луѓе и препреки. Оние кои што се во долготрајни врски, ќе размислуваат за венчавки или меден месец. Решителни и силни, дејствувајте од највисоките врвови на својот свет.

ВОДОЛИЈА:
Планетите во Риби ви ставаат розови очила и како да гледате низ туѓ свет: ова создава несигурност, особено кога станува збор за емоциите. Ако сакате да напредувате, ќе треба да бидете агилни и да ги искористите понудените шанси, кои ќе ви отворат нови перспективи: без гордост и критика! Преиспитајте ги своите мотиви.

РИБИ:
Конфузно време мили мои, кое бара практични потфати: како ловци на диви гуски, го чекате поволниот момент за стрелање. Можеби ќе почекате малку подолго од планираното, но пред вас се отвора нов кармички циклус, за кој ќе треба да комуницирате отворено. Соочувањето ќе ви донесе олеснување, како и нови партнерства.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com