Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Нешто го забрза ритамот на вашето срце – повеќе не сте во состојба да чекате, сега мора да се справите со сите последици од погрешно направените избори! Искористете ја Месечината во својот знак да иницирате логични и здраворазумски решенија и правете стратегиски потези за да добиете предност.

БИК: Некој ви изјави љубов? Ви се отвори целосно и ви даде нова идеја за себе? Да, уживате во овие тајни романтични моменти, но имајте во предвид дека таа личност има многу подлабока природа, отколку што мислите. Почитувајте ја својата интуиција на оваа тема и нема да погрешите. Добро владеете со себе.

БЛИЗНАЦИ: Ги постигнавте своите дамнешни соништа или барем покажувате таква слика, уживајќи во големо изобилство. Сепак, времето тече, информации доаѓаат од далеку и добро е да се разгледаат внимателно. Ништо не е вечно, затоа размислете добро како да постапите за да избегнете потенцијална катастрофа.

РАК: Во последно време сè се движи толку брзо, така што едвај го слушате сопствениот глас. Сепак, ова е начин на кој што новите информации ќе допрат да вас и ќе ви укажат каде треба да се заземете подобро за себе и да се изборите за своите права. Ако нешто не успеало, не очајувајте, постои причина за тоа.

ЛАВ: И вашиот живот е запален со оган – ве движат убави и благородни мотиви и доаѓате во ситуација кога ќе треба да ја претставите сета раскош на својата душа. Пред вас се предизвици, но како волшебен килим помошта ќе се појави неочекувано – бидете отворени и прифатете ја со обете раце! Направете ред.

ДЕВИЦА: Месечината во Овен ви ги покажува скриените аспекти на вашите прашања и сега сосема јасно ги гледате работите и само сакате да си продолжите напред. Верувате во подобра иднина и дека светот има нешто да ви понуди, а тоа и ќе се потврди! Во текот на денот ќе може да се потпрете на потребната помош.

ВАГА: Целосно скршени, со чувство на вина, сепак наоѓате сила да продолжите напред. Доаѓате во контакт со луѓе кои се на висока функција, а кои ќе ви помогнат да ги решите своите дилеми. Следете го означениот пат и потпрете се на своето искуство и интелектуален капацитет. Кротете ја импулсивноста сега.

СКОРПИЈА: Ќе ја искористите својата природна интуиција за да одберете помеѓу двете понудени опции – нешто ќе оставите во минатото, а нешто ќе земете со себе. Она што е важно денес е да се повлечете и одморите доволно од сета динамика и шарени лаги. Потребно ви е малку време да разберете што е што.

СТРЕЛЕЦ: Чудно е што сте апатични и покрај сите убави услови и шанси кои ви се нудат. Вашата позиција е силна и барате каде да го инвестирате своето внимание и време, а планетите укажуваат дека ќе треба да ги претставите своите креативни потенцијали пред повеќе личности – така ќе дојдете до потребната цел. Среќа.

ЈАРЕЦ: Уживате во друштво на помлади личности и не ја криете својата среќа – енергијата ја инвестирате дома и во име на најблиските. Прекрасен ден во кој ќе бидете поддржани од некоја интуитивна жена, која ќе ви даде исплатливи идеи. Добро е да размислите за ваквата оригиналност и можност за промена.

ВОДОЛИЈА: Доста веќе уживате во старата слава, погледнете ги работите од нова перспектива! Сè што светка не е злато и сè што е кажано може да име повеќе значења. Бидете остроумни и ладнокрвни ако се соочите со некоја калкулативна личност на висока позиција. Вешто ќе се извлечете за сега.

РИБИ:
Денес веќе треба да донесете решенија, заборавете на пасивноста, своите чувства и состојби – таквото размислување нема да ви годи! Шанси има, сè што треба е да го минете мостот! Минатото е минато, нека остане таму и не плачете за пропуштените шанси. Ви претстојат убави и конструктивни решенија набрзо.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com