Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Месечината во Водолија ја менува вашата рутина и може да доживеете привиден успех – добро е да внимавате како се носите со славата или со анонимноста. Она што ве привлекува е креативната сила на непознатото, затоа немајте страв да истапите напред.

БИК: Ова е време за медитација – движењето на Венера упатува на тоа дека треба да се повлечете од триагоналните врски. Кога двајца се караат, третиот користи, така барем велат старите и оваа лекција ќе биде највредното нешто кое ќе го научите денес. Искористете умно!

БЛИЗНАЦИ: Се стремите со сета своја сила да истапите и да ги следите останатите во ритамот по кој што одат – вашето темпо не е различно од колективното. Сепак, знајте кога е време да се повлечете и да го чуете своето сопствено и да ја оставите буката зад себе. Молк.

РАК: Имате зголемена перцепција и знаете што само вие си знаете, објаснувањата се залудни. Препознавањето на споделената комуникација, дури и телепатска, најверојатно е вашата реалност денес. Дали тој или таа мисли исто што и јас? Да, навистина е така. Не знаеме зошто.

ЛАВ: Доаѓате до формулата за успех и до вистинските луѓе кои што ќе ви отворат широки врати. Има детали кои што сè уште треба да се доработат, а вие како вистински уметник ќе го сторите тоа со четкичката на својот ум. Убавината е во тоа дека ќе бидете сосема необични.

ДЕВИЦА: Во фокус се дневните збиднувања, но и здравјето и вашите диети. Ќе ги мобилизирате другите сакајќи да направите тим пред да започне играта. Загревањето е важен дел од припремата, затоа внимавајте добро. Зголемен адреналин и стремеж за победа.

ВАГА: Можеби денот ќе започне невешто, но полека ќе се исправите и мазно ќе лизгате низ работите. Полни сте со грижлива енергија која ја зрачите наоколу. Среќни сте што можете да се потпрете врз себе и носите со животот, а тоа прави да се чувствувате сигурно.

СКОРПИЈА: Пред вас се појавува нова опција – кога ситуацијата станува премногу крута и поделена на две шанси, сигурно се појавува и трета страна. Денес е добро да обрнете внимание дома и на своите најблиски, отколку да бркате самостојни проекти во непознатото.

СТРЕЛЕЦ: Контакти со повеќе лица, но најверојатно површни. Краткотрајна популарност. Не им дозволувајте на другите да ве користат, бидејќи исходот нема да е позитивен – вратете ја својата енергија фокусирајќи се на себе. Доаѓате до нужни компромиси со кои ќе напредувате.

ЈАРЕЦ: Ги откривате сокриените моменти во јавноста, изнесувајќи го карактерот кој што сте го потиснувале. Проучувајте дали ова се позитивни или негативни влијанија. Размислувајте. Откријте ги своите чувства. Појдете кон нешто за кое што не сте ни размислувале претходно.

ВОДОЛИЈА: Месечината во вашиот знак ви ја враќа самодовербата, но обидете се да не бидете премногу далечни, како некој професор кој што се крие зад своите очила и ги мери забелешките на студентите. Погледнете низ туѓата перспектива и дојдете до поголемо разбирање.

РИБИ: Тешката и крута реалност омекнува и испарува, особено со малку хумор. Треба да се има чувство за екстра димензија. Затоа не тагувајте, плановите ќе ви се остварат, доколку сте израмнети со својата вистинска цел. Патувајте. Дистанцирајте се од туѓите проблеми.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com