Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Прекрасно утро и ден во кој ќе треба да го покажете сето свое знаење: Месечината во Вага ве повикува да настапите во јавност и да разговарате за своите афинитети. Сега не е време да се фокусирате на минатото, туку на она што сè уште е во вашите раце и остварливо. Не брзајте и ќе стигнете на време.

БИК: Јупитер во убав аспект со Марс и вие сте спремни за дејствување. Сепак, ова не е време за брзање, бидејќи ги немате сите потребни информации за да го постигнете саканото. Дозволете си да погледнете низ друга перспектива, потпрете се на својата зрела, мудра и креативна природа и ќе успеете! Таленти.

БЛИЗНАЦИ: Месечината во убави аспекти со планетите во Водолија ќе ви влијае како ангел: сега се штимате според потребите на саканите и имате можност да им подарите убав совет, шега која ќе ги орасположи или едноставно консултација која ќе им помогне да си ги унапредат своите животи. Уживајте во овој прекрасен ден.

РАК: Марс и Уран во Овен и Месечината во Вага укажуваат на зголемена потреба за баланс: ова се динамични аспекти и ќе треба да бидете умерени да не доживеете фијаско! Не им бегајте на должностите или на договорите направени во непосредното минато. Ова не е време да го напуштите бродот, покажете се!

ЛАВ: По Лунарната Еклипса доживувате своевидна ренесанса и ова е ден кога ќе треба да ги финализирате своите главни проекти. Сатурн и Плутон во Јарец ќе ве доведат до важни личности, кои ќе ви дадат совет од непроценлива вредност. Тимски проекти и ден за рамификација на договорите. Услуги. Средби.

ДЕВИЦА: Денес е ден кога ќе ги покажете своите бои и од што сте направени: користете го своето знаење и логика за да знаете кога е време да се повлечете. Шаренилото на светот не ве привлекува сега, затоа одморете се и обрнете внимание на диетите. Ако треба да појдете на пат,балансирајте и адаптирајте се.

ВАГА: Ова не е време за црно-бело размислување пријатели, ниту за стоење во место: аспектите укажуваат на брза динамика, многу контакти и информации од друштвената сфера. Прифатете ги меѓусебните разлики и надминете ја расната или национална нетолеранција. Имате поддршка од сочувствителен господин.

СКОРПИЈА: Средба со оригинална машка личност, која што има грст на нови идеи во рацете. Сега не е време да ја покажете својата препотенција, туку да бидете реални во своето претставување. Да, точно е дека имате и вие неколку идеи, но ова е време да се ставите во втор план. Не откривајте ги сите свои планови. Чекајте.

СТРЕЛЕЦ: Заборавете на минатото пријатели и на чувството на мачеништво: најлошото е веќе зад вас! Покажете малку добра волја и ќе ви се врати повеќекратно. Уживајте со саканите и појдете на некоја прослава или закуска со егзотична нота, а потоа повлечете се да се одморите. Оставете простор за себе. Резон.

ЈАРЕЦ: Денес е ден кога свесно ќе треба да направите мала жртва и да ги погледнете работите од туѓа перспектива. Ова не е задолжително, но ако сакате да напредувате, ќе треба да ги владеете своите импулси за предвремено дејствување. Доколку го послушате овој совет, набрзо ќе доживеете промоција.

ВОДОЛИЈА: Каква екстаза пријатели: денес доаѓате очи во очи со својата инспирација! Убавите аспекти со Месечината ќе ве научат што е поволно да се каже, а што не. Ова повеќе не е време да се држите до вредностите кои важеле во минатото, туку за поставување на нови стандарди – приватно и професионално. Нови идеи.

РИБИ: Време на невиност: навистина нема потреба да се расправате како мачка и глушец, туку најдете начин како да дојдете до договор и помирување на учесниците. Времето за правдање е минато, но денес ќе може да научите длабоки вистини, само ако сте мудри и отворени да ги чуете. Истрајте сега. Мир.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com