Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Прекрасен ден за практичност: доаѓате до луѓе што ќе сакаат да ги инвестираат своите средства, време и искуство и многу веројатно ќе дојде до потпишување на договори. Не брзајте сега пријатели, иако овие идеи имаат необична нота, туку добро поработете на сите детали. Ќе успеете да стигнете секаде на време.

БИК: Конечно сте задоволни и зрачите со убав шарм: Месечината во Девица ќе ја разбуди вашата практична природа и многу умешно ќе знаете како да се извлечете од небитните ситуации. Карванот оди, кучињата лаат, а вие останете фокусирани на својата вистина. Не гледајте во минатото, тоа е завршено. Среќа.

БЛИЗНАЦИ: Можеби учествувате или сте сведок на некој немил настан и како да имате темна наметка околу рамената, а таа веќе тежи. Главата горе, ова е време за сочувство и за служба во име на другите. Дајте го своето знаење во вам познатите теми и продолжете кон својот пат потоа. Уживајте со блиските. Мир.

РАК: Време е за дарежливост: пред вас се судбински случки и не е време да се повлекувате во себе, ниту пак да го враќате минатото. Уживајте во заслужениот успех и излезете да прославите. Луѓето ќе бидат среќни да ве видат повторно, ова е време е да ја споделите својата слава. Работите си доаѓаат во нормала.

ЛАВ: Ова е ден за привршување на започнатите проекти: дел од нив останува во минатото, а дел треба да се рафинира. Имате вродено чувство за тоа кога да дејствувате и ќе го искористите поволното влијание на Сонцето од Водолија за да истапите во светот, презентирајќи ги своите идеи според првичната замисла.

ДЕВИЦА: Не дозволувајте да ве обземат вашите стравови: култивирајте ја својата природа и надминете ја паранојата. Денес ви претстои средба со некоја мудра, дипломатска и толерантна личност. Поработете на овој однос и исцелете се. Оставете ги сенките во минатото и покажете ја својата сила и умешност. Логика.

ВАГА: По неколку тешкотии, денес ќе успеете да ја покажете својата елегантна, софистицирана и богата страна: со неколку убави идеи би можеле да ги решите сите неправди во светот! Откако ќе го направите тоа, повлечете се и најдете време за бања, релаксација и сетилни уживања. Бидете дискретни и умерени.

СКОРПИЈА: Марс и Уран од Овен го нагласуваат вашиот немир и иако сакате да напредувате динамично, сепак ќе треба да се повлечете и да се консултирате со некоја зрела и сочувствителна личност. Таа ја разбира вашата ситуација и ќе ви помогне да ги надминете стравовите кои што ве парализираат. Без очај. Резон.

СТРЕЛЕЦ: Сонцето во Водолија ви носи средба со некоја позрела госпоѓа, која ќе ве научи како да ги надминете предрасудите. Со голема објективност ќе сфатите што се случува во заднина и ќе треба да се адаптирате, не откривајќи ги сите свои планови. Вашето време набрзо доаѓа и ќе може да настапите индивидуално.

ЈАРЕЦ: Трансформацијата се одвива според саканото и правите договори кои ќе траат. Ова е време во кое ќе се здобиете со големо искуство, а до него не секогаш се доаѓа лесно. Бидете истрајни, денес имате поддршка од Месечината во Девица, која ќе ве поврзе со луѓе со слух за вашите потреби. Уживајте во нежност. Љубов.

ВОДОЛИЈА: Започнавте крупни промени на кои им нема крај, а сега треба подобро да се спремите за нивните последици. Бидете дистанцирани, хумани и објективни и така ќе помогнете и другите да се исцелат. Ова е време за зрелост, за да може работите да се вршат во континуитет. Ја имате потребната поддршка. Патувајте.

РИБИ: Еднаш вие ќе давате, друг пат вам ќе ви дадат и така животот ќе се одвива како волна на предиво. Потребна е умереност и разбирање за да дојде до потребното прочистување. На работен план доаѓате до идеи, но ниедна не е по вашата замисла. Малку неодлучни, ќе одберете да медитирате повеќе на темата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]