Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Со Месечината во Девица вашето внимание автоматски е завртено кон нега на најблиските. Секако, тука се и вашите работни должности и ќе треба да обрнете сериозно и зрело внимание во двата сектори. Средба со личност која е на егзекутивна позиција, а која ќе го продлабочи вашето разбирање на нештата.

БИК: Можеби се чувствувате кревко или откриено, како невеста на која ветерот ѝ го оддувал велот: доколку сте притиснати до ѕид или врзани со неповолни договори, сега е време објективно да пресечете. Логиката е во пораст, како и чувството за правење на служба во име на другите. Бидете нежни. Балансирајте.

БЛИЗНАЦИ: Предизвикувачки аспекти го нарушуваат вашето внимание: во главата ви се вртат неколку идеи, но како да не е момент за дејствување. Можна е средба со авторитетна машка личност, која има искалкулирана и објективна природа. Најдете време да се повлечете и побегнете од можните остри зборови. Тишина.

РАК: Времето за разгледување полека завршува, ова е ден кога ќе треба мудро да ги искористите пронајдените одговори. Уран од Овен ќе им даде прогресивна нота на вашите идеи и ќе бидете спремни за експериментирање пријатели. Ова е време да ги претставите своите таленти и сознанија. Користете ја својата магија!

ЛАВ: Колку сте среќни: прекрасни средби со спротивниот пол или евоцирање на спомени со саканите! Сега е време да ја покажете својата вредност и да договорите средби со важни личности, кои ќе ги унапредат вашите проекти. Ова е време и за љубов, не може вечно да се плаче. Отворете се за новитети. Среќа.

ДЕВИЦА: Вредни, прецизни и несебични, денес ќе треба да се покажете во најдобро светло. Посветете им се на работите како на некој ритуал, давајќи му особено значење на секој составен дел. Нема потреба за брзање, ова е време за договори со поискусни личности, кои ќе ве потсетат на потребните стандарди.

ВАГА: Сега веќе сте сигурни дека треба да си заминете, да ги оставите зад себе проектите во кои што инвестиравте многу и да појдете по сопствен пат. Ако нешто повеќе не иде, нема потреба да инсистирате дека токму вие сте во право. Ова не е време за докажување, туку за покажување на агилност. Истрајте сега.

СКОРПИЈА: Времето за плачење завршува, сега е доцна да се поправат некои работи. Разбудете се од ноќната мора и сфатете дека сè уште може да ги коригирате работите, како голем бизнисмен кој што си седи зад бирото и умно избира кои средства каде ќе ги вложи. Понудете нешто со практична природа. Нови идеи.

СТРЕЛЕЦ: Откако ги направивте првичните инвестиции, сега е време да ги осигурате своите проекти: интимни или професионални. Конјункцијата меѓу Венера и Јупитер ќе ви даде идеја: како да сте во камп и треба да ги осигурате шаторите. Во вас е разбуден авантуристичкиот дух и храбро дејствувате во име на другите.

ЈАРЕЦ: Дел од одговорностите остануваат зад вас, ова е ден кога ќе го покажете своето расположение. Кој е како вас? Луѓето уживаат во вашата зрелост, а Сонцето од Водолија ќе ви донесе повеќе поволни шанси за претставување во светот. Средба со авторитетна машка личност, која е по малку ригидна. Објективност.

ВОДОЛИЈА: Иако играте на двете полиња сосема еднакво, сетете се на онаа старата дека не се носат две лубеници под една пазува. Повлечете се на кратко за да ја обновите својата физичка сила и размислете добро каков ќе биде вашиот следен чекор. Денес сепак ќе треба да заборавите на себе и да им помогнете на останатите.

РИБИ: Сега е време за настап: Месечината во Девица ве повикува да излезете во јавност и да ја покажете својата вредност. Нема потреба за страв и недоверба пријатели, ова е прекрасен период во кој вашите таленти се евалуирани од страна на важни поединци. Играјте чесно и со љубов – вие го можете ова! Успех.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com