Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Не дозволувајте да ве притискаат некои поединци, работите и онака се многу сложени. Сепак, денес ќе успеете некако да ги протуркате своите идеи и да го прославите постигнатото. По еклипсата, многу работи ќе си дојдат на место, многу работи ќе се променети, но тоа е причина повеќе да продолжите напред.

БИК: Ова е време да застанете и да го разгледате постигнатото: откријте што вреди да се задржи и продолжете го својот пат кон помирни води. Ситуацијата се менува и можеби ќе треба да санкционирате некој. Нема потреба да бидете континуирано во прв план – повлечете се и проучувајте повеќе. Имајте мир.

БЛИЗНАЦИ: Денес сте на стенд бај: сакате да напредувате и да се видите со пријателите и саканите од минатото, но се чини тешко доаѓате до договори. Како сите да се на натпревар и секој влече на своја страна. Сепак, така секој најдобро ќе покаже каде припаѓа и колку е силен, затоа почекајте уште малку. Време за љубов има!

РАК: Планетите во Јарец покажуваат дека уште се борите и стоите на нозе: сега сте храбри и брзи. Откако ќе се изборите за својата кауза, не дозволувајте си самобендисаност, туку повлечете се да одморите, размислувајќи дали ги направивте работите според првичните планови. Релаксација и мир.

ЛАВ: Периодот на рестрикција, конфузија и немоќ завршува: денес ќе ја откриете длабоката природа на своето срце! Вие го имате последниот збор и ќе дојдете до повеќе награди поради тоа. Вашата храброст се потврдува и постигнувате признанија. Ајде пријатели, уште само чекор или два и веќе ќе го минете мостот.

ДЕВИЦА: И повторно ден со брза динамика, размена на информации и идеи: ќе уживате задоволно и исполнето со пријателите, раскажувајќи некоја приказна од непосредното минато. Не се повлекувајте, сега е добро да исконтактирате со светот и да направите логичка рамка. Секако, најдете време за љубов и романса!

ВАГА: Ова не е време кога треба да се разведете од реалноста: ќе ве побараат и повикаат каде и да сте! Дегустација на храна и забава со блиските, како и прослави од различен карактер. Подобро се работи во тим кој е чесен и добро избалансиран. Потпрете се на својата софистицирана природа и бидете фер.

СКОРПИЈА: Ова е време на важни одлуки, кои може да го крунисаат вашиот живот! Советите од некоја зрела личност ќе бидат проследени и ќе заборавите на игнорантното и себично однесување. Колку и да е непријатно, сè ќе биде полесно откако ќе излезе вистината на површина. Потпишување на договори.

СТРЕЛЕЦ: Планетите во Јарец го ограничуваат вашето движење: ова е важно време и ќе мора да бидете потактични. Можеби ќе треба да поднесете одговорност за некоја работа и тоа ќе го направите со голема прецизност. Прашајте се како да го оптимизирате домашниот буџет и скратете некаде. Почнете да штедите сега!

ЈАРЕЦ: Сонцето во Водолија ви отвора убави шанси за просперитет и тоа на поширок план: сега е време да се заземете за своите позиции. Сепак не избрзувајте, повлечете се на кратко и размислете добро како да ја кажете својата страна од приказната и настапете како оперска дива! Имате идеи со прогресивен карактер.

ВОДОЛИЈА: Турбулентно време пријатели: кротете ги импулсите и балансирајте добро, иако сте под заштита на Сонцето во својот знак, Сатурн е сè уште зад вас и сака да прави жетва. Кому му е гајле дали ќе има жртви при тоа? Сепак дојдете си при разумот и не откривајте сè. Ова е време за тишина и искалкулирани чекори.

РИБИ: Месечината во Лав ќе ви ги открие вашите афинитети: вие не сте тука само наместена порцеланска кукла, туку имате големо разбирање за болката на луѓето. Уште повеќе, имате талент на вешт алхемичар кој умее да го претвори оловото во злато и на тој начин им даде нова симболика на работите. Среќа!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com