Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Ова е ден кога ќе го покажете својот редок шарм: иако сте под притисок и влијанија кои брзо се менуваат, ќе изнајдете начин да им се приближите на оние што ви значат. Прашајте се добро дали вашите намери се чесни и доколку е така, ќе успеете да ја пренесете својата порака на глобален план.

БИК: Месечината во променливите Близнаци бара од вас да го споделите вниманието на две страни: дајте и ќе ви се врати. Ден за правење на буџет и финансиска рамка, како и договори од долготраен карактер. Се појавува некоја госпоѓа која ќе сака да вложи во вашите идеи. Време за убава храна и друштво.

БЛИЗНАЦИ: Безгрижни, подмладени и освежени, со голема самодоверба продолжувате напред. Ќе треба да внимавате да не претерате во ноншалантноста и така предизвикате серија на реакции. Месечината во опозиција со Венера би можела да ве соочи со груби зборови или неповолни вести оддалеку. Трпение!

РАК: Ова е ден кога треба да внимавате пријатели: некој упорно се обидува да ви протури нешто како вистина и вие веќе не знаете кому да верувате! Едни велат едно, другите пак нешто сосема спротивно и сликата е веќе грда и разобличена. Верувајте ѝ на својата интуиција и напуштете го бојното поле. Заштитете некој.

ЛАВ: Не залудно се вели дека токму вие го имате потребното родителско разбирање; можеби за кратко се правевте глуви за случувањата околу вас и тоа ве доведе до дефанзивна позиција, но денес е време да ги ставите саканите под својата заштита, делувајќи крајно објективно, зрело и логично. Покажете го својот сјај!

ДЕВИЦА: Убавото расположение поврзано со празниците завршува и веќе се соочувате со публика која не покажува знаци на задоволство. Тоа е реалноста, но кои се мотивите? Транзитот на Месечината низ вашето десетто поле покажува дека се соочивте со некаква болка, но денес е време да ја кажете својата вистина. Резон!

ВАГА: Ова е ден со брза динамика, но повремено ќе се чувствувате како мразокршач: наместо весело да ги подигнете чашите во славење, можеби ќе треба да ги објасните своите мотиви и нагони ставајќи ги сите свои алатки во функција.
Убави аспекти ви помагаат да го стегнете коланот и ја покажете својата магија.

СКОРПИЈА: Денес не сте сосема сигурни во себе и дозволувате да ве навјасаат стравови. Прашајте се добро дали уживате во постигнатото: ако одговорот е „да“, тогаш бидете спокојни, што е важно што на сите им е јасно по кој шаблон работите? Но ако одговорот е Не, тогаш напуштете ја безмилосната трка. Може да страдате.

СТРЕЛЕЦ: Ова е променливо време и повторно сте на почеток: што дека имате големо знаење, дипломи и звања, ако тоа не можете да го ставите во функција. Учењето трае сè додека човек е жив, па така и вие приберете си го умот и бидете спремни да се вратите во ученичката клупа. Нацртајте нова скица и план.

ЈАРЕЦ: Имате некоја зрела идеја за која што ќе треба допрва да се изборите, иако можеби сте веќе уморни. Средба со моќна машка личност, која има богато минато и која ги има клучевите за вашето напредување. Очекувајте да ве повикаат секој момент, но претходно спремете се добро. Без фриволност сега!

ВОДОЛИЈА: Можеби патот е тежок и распослан со камчиња, но вие упорно се трудите да оставите впечаток како да ги знаете одговорите на сите светски дилеми! Каде го има тоа? Мерете го добро секој збор што излегува од вашата уста и читајте ги скриените пораки околу вас. Ова е време за напредување, не си ставајте сопки!

РИБИ:
Бидете спремни пријатели, ова е ден кога би можеле да бидете повредени: можеби на моменти ќе се чувствувате како да сте на рели-трка, затоа подгответе се подобро, облечете соодветен костум или заштита и влезете во рингот. Марс од Овен ќе ви даде храброст да покажете чии бои ги носите. Чест.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com