Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Ова е ден кога ќе можете да поставите здрави основи кон исполнување на вашите планови – Месечината во Девица ви дава разбирање за туѓите потребни и ја развивате својата сензитивна и имагинативна страна. Зборовите можат да бидат искористени како муниција, затоа бидете дискретни. Зголемен шарм.

БИК: Емоционалната атмосфера ќе биде топла и исполнувачка, а тоа ќе ви ја врати сигурноста – уживате во луксуз, убавина и изобилство. Смирени сте и вашите врски се продлабочуваат: супер што најдовте време за искрен и интимен разговор, некои работи созреаја со време. Бидете умерени на работен план.
БЛИЗНАЦИ: Можеби се наоѓате во провокативна ситуација, која што бара од вас да ги синтетизирате сите спротивности. Ова ќе му даде ново значење на вашиот живот. Тоа значи дека сте поделени самите во себе и така се борите со надворешниот хаос. Време е да постигнете личен интегритет и сатисфакција.

РАК: Планетите во Јарец ве ставаат во повеќе предизвикувачки ситуации и веќе сте разочарани и крајно фрустрирани. Добро е да погледнете во себе и да се прашате што ве спречува од постигнувањето на вистинска среќа. Така ќе ги решите и надворешните конфликти, кои се само одраз на вашето огледало.

ЛАВ: Секој ден сте сè поблиску до успехот, но не е време да се прави пауза: потребно е да се мине низ сите фази на овој циклус. Знаењето дека се приближувате кон финишот, ќе ви даде сила. Ако чекате совет, ова ќе биде најдобриот: издржете уште малку и наскоро ќе бидете наградени. Оваа работа мора да се заврши сега.

ДЕВИЦА: Месечината во вашиот знак ја нагласува неодлучноста и недовербата: штом некој ве праша што размислувате, покажувате индиферентно и резервирано лице. Нема потреба од преголема анализа, туку искористете ја шансата која што ви се нуди. Она што ви треба денес е коректно однесување и јасна визија. Метод.

ВАГА: Повлечете се и размислете како да дојдете до вистинско решение – брзањето нема да ви е од корист, без оглед дали тоа се однесува на работата, пријателите или интимните врски. Искористете го претходното искуство, инаку може да погрешите. Најдете време за медитација. Одмарајте и чекајте. Вчера веќе мина.

СКОРПИЈА: Ова е исклучително важно време за вас: пред вас се авантури со страсни емоции и длабоки значења. Професионалната сфера бара лојалност, особено за некој бизнис или идеја, затоа помогнете во развивањето на истата. Наместо да нападнете, изненадете ги сите со добра волја и заземете се за идејата. Логика.

СТРЕЛЕЦ: Не си дозволувајте да сте долго тивки, таквото однесување ќе ги отуѓи другите од вас. Секоја приказна има две страни, а може да се појави и трета. Оставете старите проблеми да исчезнат. Не си дозволувајте да бидете испровоцирани и да направите емоционални и невротични испади. Дајте си време за само за себе.

ЈАРЕЦ: Би можеле да се соочите со одолговлекувања и тешкотии – не очајувајте. Појдете некаде на пат. Релаксирајте се малку, сфаќајќи дека не дошол крајот на светот. Работите ќе се средат сам од себе и во свое време. За сега само еден дел треба да се доработи, за потоа да успее. Не се обесхрабрувајте. Опуштете се.

ВОДОЛИЈА: Сè уште одбивате да си одговорите на прашањата: нешто ви е познато, а нешто сè уште не. Сфаќате дека не сте пораснале многу ако ваквите работи се проткајуваат во зрелите врски, а тоа ве прави нервозни. Размислувате за кармичките циклуси и закони, но немоќни сте да разберете. Сепак,соработувајте.

РИБИ: Она што се случува не е ваша грешка, затоа опуштете се. Не ви треба дополнителна критика, затоа појдете на пат или прошетајте. Не губете храброст ако работите фатат свој ритам, туку продолжете со ентузијазам. Инспирација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com