Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Ја напуштате својата школка сакајќи да постигнете стабилност на повеќе полиња. Можеби ќе треба храбро да се завземете за некоја идеја, а потоа да разгледате како таа може да се унапреди: време за лајкови – палците горе или долу! Месечината од Рак ве поддржува да се потпрете на некоја интуитивна жена.

БИК: Промените отпочнаа и сега треба да им дадете конкретна форма: завземете се храбро за своите идеи и направете ги потребните корекции. Во вистинско време ќе ви биде сугерирано што да направите и вашите дилеми ќе се распрснат како балон од сапуница. Откритија со кои ги разјаснувате работите. Успех и среќа.

БЛИЗНАЦИ: Нема потреба да бидете опседнати со сите мали детали на животот – опуштете се или ќе си наштетите. Ситуацијата е мачна и можеби се чувствувате издадено, но не се откажувајте сега: секој голем триумф е прозивод на упорноста! Велат дека капката не го длаби каменот со својата сила, туку со постојаното капење.

РАК: Сѐуште сте преокупирани со своите грандиозни планови за живот некаде надалеку, но за сега се соочувате со напорна работа која што можеби еден ден ќе ви го овозможи токму тоа. Погледнете подобро како сите работи се испреплетени и имаат подлабока смисла, откривајќи го и своето место во светот.

ЛАВ: Како ретко кој, вие ја имате потребната агилност и лојалност да ѝ се прилагодите на конвенцијата, ако за тоа е потребно. Брзо ќе доаѓате до потребните информации, кои ќе го поттикнат вашиот авантуристички дух. Возбудени сте поради тоа што ќе работите на нови проекти. Чувате ли тајни?

ДЕВИЦА: Успевате да ги надминете дилемите со голема имагинација и интуиција, имајќи ги во предвид сите информации. Денес сте добар навигатор и продолжувате кон помирни води, сакајќи да минете време со најблиските. Убав ден за размена на идеи со старите пријатели, но и за романса! Уживајте опуштено.

ВАГА: Можеби ќе ви биде тешко да се прилагодите, но најефикасно се работи со истомислениците. Нема потреба од итрини и бекстејџ драма, туку повлечете се на време штом ги почувствуавет првите знаци на нетолеранција. Посветете го своето внимание во истражување на својата афектива страна. Патувајте. Страст.

СКОРПИЈА: Убаво одморени и освежени, оддавате нежни знаци на љубов: едноставно зрачите! За да се вратите во физичката реалност, ќе треба брзо да делувате. Можеби ќе треба да присуствувате на некој настан од јавен карактер, а каде што ќе бидете евалуирани. Покажете што сѐ успеавте да завршите годинава.

СТРЕЛЕЦ: Потребен ви е одмор и сега ќе се ставите во втор план: светот може да продолжи и без вас, додека вие размислувате за следните чекори. Привлекувањето на внимание бара соодветна умешност: ако викате оддалеку, може нема да постигнете ефект. Обично најтивките зборови се најдобро чуени.

ЈАРЕЦ: Вие веќе ги славите своите родендени и со големо задоволство се спремате за празниците: Сонцето во вашиот знак ви ја дава потребната виталност, но и амбиција. За сега е добро само да разговарате за своите планови и да не ги изнесувате во јавноста. Нема потреба од преголема анализа или оправдување.

ВОДОЛИЈА: Иако се соочивте со неколку камчиња на својот пат, време е да се отрезните и да им ставите крај на гнасните оговарања и сета леплива прашина која што иде со тоа. Бидете широкогради и искрени, сватете дека живеете во свет кој е подложен на нагли промени и вратете си го разумот.Пријателите сами ќе дојдат.

РИБИ: Направивте комплетна чистка во својот живот: вие веќе го знаете потребното, нема потреба од објаснувања! Во рацете имате доказ дека интуицијата не ве лаже и ќе треба одново да го аранжирате својот живот. Имајте во предвид дека пред вас е мирно море, затоа заминете си тивко, враќајќи си ја самодовербата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com