Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Сè што треба да направите е да се опуштите: замислете дека имате магичен килим, кој може да ве однесе каде ќе посакате, а потоа прашајте се каде сакате да стигнете и позиционирајте се. Бидете храбри и не двоумете се – кој ризикува, тој и добива. Следете ги природно своите афинитети и нема да згрешите – успех!

БИК: Како ехо се искраднувате и барате заштита од своите ангели заштитници – Месечината во вашиот знак ќе ги преполни чашите со задоволство и ќе ви ја даде потребната поддршка, како и сензуалност. Пладнето ќе биде сосема различно од утрото: фокусирајте се на плановите и правете финансиска рамка.

БЛИЗНАЦИ: Рафинирање на раскошните идеи и реевалуација на досегашниот прогрес – застанете и одморете се. Погледнете што сè сте успеале и најдете време да минете со пријателите сеќавајќи се на вашите авантури. Не обрнувајте внимание на злобните зборови и останете со блиските. Евоцирајте спомени.

РАК: Се покажувате во најдобро светло и успевате да се здобиете со потребните признанија. Сепак, бидете поумерени и имајте такт при обликувањето на пораката што сакате да ја испратите. Теренот е за сега непознат, но имајте верба дека наскоро ќе успеете. Бидете селективни и користете го искуството.

ЛАВ: Ако е можно, денес земете си пауза од вообичаената рутина и појдете на некое помирно место со пријателите или блиските. Време е да размислите за вашите лични цели и амбиции, како и за тоа каква слика оставате во светот. Вардете се од нечија итрина и злоба – успешно ќе ги навигирате овие немирни води. Разум.

ДЕВИЦА: Можеби чувствувате дека рацете ви се врзани, но набрзо ќе дојдете до среќна промена во околностите – Месечината во Бик ќе ве дарува со изобилство и ќе исконтактирате со некоја авторитетна, сензуална и интуитивна жена. Таа ќе ви понуди неколку свежи идеи со длабок увид – ќе ви се бендисаат. Афинитети.

ВАГА: Бидете трпеливи и умерени ако чуете некакви погрдни зборови или тужба на ваша лична сметка: разумно дистанцирајте се од секоја погубна ситуација! Можеби ќе ви треба време да сортирате што е она што е реално, а што не и сега го имате потребното време за тоа. Повлечете се дома и штедете малку повеќе.

СКОРПИЈА: Како судите, така и ќе ви судат – тоа е закон на кармата, па обидете се да бидете поширокогради. Не заборавајте да бидете и благодарни: секој ден се соочувате со ситни дела на љубезност и се прашувате дали сте ги заслужиле. Најверојатно ќе дојдете до средба со својата лична инспирација: моментот на просветлување!

СТРЕЛЕЦ: Ја имате потребната внатрешна сила да се справите со сите предизвици – Јупитер во вашиот знак ви отвора широки порти за напредување и доколку другите заостануваат, вие трпеливо ќе продолжите да ја градите својата кула – искористете ја својата дарба да ги поврзете креативните елементи и ќе успеете.

ЈАРЕЦ: Рецептивни и отворени за нови предлози, доаѓате до вистинските контакти – ништо не ве спречува од вашиот пат и добро се носите со динамиката на работите. Понуди од личности со сензибилитет, кои ќе ви дадат идеја за вашето место во светот – не мора да се искачите највисоко сега, проучувајте го ова ниво.

ВОДОЛИЈА: Кој е како вас? Си седите сосема исполнето во своето катче и уживате во благосостојба, но ќе се појават шанси за дејствување – дали сте за? Како прв пат да сте на сцена – сè е можно! На почеток можеби ќе ви смета силното внимание или шминка, но набрзо ќе се навикнете. Бидете задоволни, заслужувате аплауз!

РИБИ: Полека ги собирате потребните луѓе за своите идеи, без да се наметнете како лидер – како сокриен црковен хор кој ја поддржува атмосферата и амбиентот. Послушајте ги подредените и внимавајте да не ви наштетат – јавно објавете какви намери имате, без страв од последиците! Ова е вистинскиот тајминг.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com