Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Работната недела започнува со шокирачка нежност и се случува прекрасна промена, како кога гасеницата се преобразува во пеперутка. Ова е комплексен процес кој треба да се совлада, да се следи динамиката на настаните и воочи магијата во сето тоа. Месечината во вашиот знак ги буди скриените пориви.

БИК: Со благородни мотиви, чекорите напред кон самоопределени стандарди, но внимавајте на својата околина која што можеби не ви е толку наклонета. Нема потреба да се изложувате на првата линија на фронтот, туку бидете мудри и со првиот знак на дисхармонија, повлечете се во сигурноста на својот свет. Зрелост.

БЛИЗНАЦИ: Ги немате сите потребни податоци и мирно го чекате својот ред. Набрзо настаните ќе се забрзаат и ќе дојдете до неочекувана средба, веројатно со повозрасна машка личност. Ова е човек со слух за вашите проблеми, затоа послушајте што има да ви каже: не е време за самостоен лет, туку тимска работа.

РАК: Викендот мина со повод за славење и сè уште сте под импресии од забавата. Денес ќе треба да ги претставите своите нови таленти и вештини, а веќе сте набљудувани од страна на некои личности. Внимавајте некој да не ве обвини дека ставате пари во својот џеб и бидете чисти како солза. Дајте ситна донација.

ЛАВ: Со младешки занес се држите до она што го имате – креативни идеи и реализирани проекти. Афирмирани и ценети, уживате во интензитетот на впечатокот што го оставате. Имајте на ум да не ги откривате сите адути за сега, бидејќи иднината е неизвесна. Се појавува динамична личност со нови идеи.

ДЕВИЦА: Пријатели, конечно дојдовте до моментот за решение: ќе треба да го наметнете своето влијание, но да го направите тоа на најбезболен начин. Ако се обидете да доминирате, луѓето природно ќе си заминат, но ако дозволите промени, ќе може да отпочнете сосема ново поглавје во својот живот! Не одолговлекувајте.

ВАГА: Ова е период кој што е малку крут за вас, но сепак ќе треба да се истакнете на некој начин, преземајќи го водството во друштвената сфера и да се поврзете со влијателни поединци. За среќа, ова се луѓе со длабок сензибилитет и ќе добиете добар совет. Користете го својот природен шарм и елеганција. Забава.

СКОРПИЈА: Интелигентни и остроумни, ќе треба да избирате помеѓу повеќе опции. Најдете време да се повлечете на кратко и во медитација да размислите за овие можности. Ако треба, нека почека светот, нема потреба да истрчувате ако ги немате сите потребни информации. Можеби патот е нејасен, но е проодлив.

СТРЕЛЕЦ: Викендот заврши и треба да се вратите во физичката реалност – не се снаоѓате добро. Толку многу информации и сите со различен карактер, како ги пропуштивте до сега? Имате среќа и добивате поддршка од вашите љубени, во моментот кога помислувате да се откажете. Ова е толку романтично. Ах, љубов!

ЈАРЕЦ: Дојдовте до некои сознанија за време на викендот и успешно почнавте нешто со вашите најблиски – сега продолжувате безгрижно во остварување на таа цел. Направете проба неколку пати, но не претерувајте, раскажете ја својата приказна на нов начин. Тоа ќе ви овозможи нова идентификација. Нов стил.

ВОДОЛИЈА: Работите ќе бидат успешни, само ако сите делови се заемно поврзани. Како да ткаете ќебе со ориентална шара, бидете внимателни и размислете како да го обогатите фолклорот. Нема реална причина зошто не би успеале, затоа раширете ги своите крилја и полетајте. Хоризонтите пред вас се чисти. Успех!

РИБИ: Освежени и расположени започнувате од ново денес. Вашата насмевка блеска и им давате безрезервна љубов на своите сакани. Третирајте ги сите исто и нема да имате никакви проблеми: обидете се да им го пренесете своето убаво расположение. Имате многу причини да славите – не чувајте го тоа само за себе!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com