Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Полни со самодоверба и доза на енигматичност, уживате во голем просперитет и задоволство. Вашите идеи се со грандиозен карактер и сега сте поддржани од повеќе фактори во својата непосредна околина. Длабоко во вас веќе знаете што треба да се направи, затоа нема потреба од понатамошно рационализирање.

БИК: Сега треба да ги пуштите работите да течат како светлина низ призма – добро разгледајте ги составените делови од прашањето, но не се губете во преголема анализа. Месечината во Лав ќе ве доведе до средба влијателна личност, која што може да биде дефанзивна. Бидете толерантни и ќе успеете да се разберете.

БЛИЗНАЦИ: Уверени во својот авторитет и минати успеси, не гледате како самите ги бојкотирате своите најдобри напори. Сега ќе треба да направите компромис за да дојдете до саканото – тоа не ви се допаѓа многу. Можен е колапс, така што добро размислете што е она околу кое што никогаш не би се компромитирале.

РАК: Постои начин да ја завршите агонијата од претходните неуспеси. Што е она што ве води, што ве инспирира? Се чини дека сè е на место, а сепак нешто како да фали за да сликата биде комплетно среќна. Оставете ги скршените срца зад себе и уживајте во овие слатки и свилени моменти на среќа. Не се воздржувајте.

ЛАВ: И вас ве води ритамот на љубовта – нешто го растрепери вашето срце и сега би се дале целосно! Тоа јасно го кажувате, нема места за отстапки. Вложената енергија ви се враќа со ист интензитет, затоа користете ја својата интуиција за да знаете до каде може да одите – знаете кој го држи клучот од вашето срце!

ДЕВИЦА: Без оглед на искуството и статусот, сега е време да отскокнете кон непознатото – крупни промени во повеќе сектори. Нема потреба за мистифицирање, туку за подготвување за опипливи резултати. Ова е одличен период за изучување, да се подобрите себе си и направите нови пријателства. Потоа ќе дојдете до добивка.

ВАГА: Зарем уште ви е скршено срцето, се чувствувате виновни во име на љубовта? Постои некој кој што би ви се предал целосно, само доколку добро го избалансирате својот пристап. Вашите социјални интереси не се и заеднички, затоа дистанцирајте ги блиските од работите кои што не се во нивен домен.

СКОРПИЈА: По искажаните зборови не останува ништо друго, освен да ги земете своите блиски и да заминете – на пат, од местото на случување и да продолжите тивко со своите планови. За сега ќе треба да играте според туѓите правила, но нека не ве загрижува тоа премногу, вие веќе чувате свој ас во ракавот. Имајте логика!

СТРЕЛЕЦ: И вие сакате да ви се покаже љубов и давате љубовни изјави со траен карактер – сакате да оставите сè зад себе и да појдете во потрага по саканата цел. Месечината во Лав ги забрзува пораките и информациите, како и случките со друштвен тон. Уживајте во овие ретки моменти на убави влијанија и среќа!

ЈАРЕЦ: Потребно ви е совршенство, некаков вид на испревртена селекција и сега се појавуваат услови за добар избор. Вратите на светот се отвораат пред вас и сакате секој момент да го оживеете и да му вдахнете љубов, само не знаете како. Немојте да сте во дилема, работите не се толку таинствени. Избор постои.

ВОДОЛИЈА: Темпото е веќе утврдено и сега нема отстапување – ќе треба да се покажете во своето најдобро светло. Можеби ви е скршено срцето и точно знаете каде е погрешено, но спремни сте за помирување и нов однос. Препуштете ѝ се на оваа прекрасна енергија и добро слушајте што ви пренесуваат пријателите!

РИБИ: Поволните влијанија од Венера во Вага ве прават убави, згодни и спремни да бидете оценети. Ова е процес кој се движи двострано: успехот е целосен кога е споделен. Затоа не се воздржувајте, туку раширете ја својата позитивна вибрација, зрачејќи со шарм и убавина како никогаш до сега. Забавувајте се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com