Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Минавте убав викенд и денес е време да се разбудите и вратите во реалноста – обрнете внимание кон домот, таму има работи на кои им е потребно итно решавање, но прво проектирајте слика за себе си и потоа појдете во нејзино остварување. Нема да може сè сами да направите, затоа не се самовеличајте.

БИК: Од денес натаму ве очекуваат промени. Нема потреба од самото споменување на овој збор да се плашите, туку вклучете ја својата интуиција и мудро избирајте кому ќе се предадете. Во вас лежат сите одговори, па дури и да треба да продолжите сами, бидете фокусирани на главната тема. Не избрзувајте уште!

БЛИЗНАЦИ: Заборавате на изговорените зборови и продолжувате напред – овие промени се со долготраен карактер, затоа бидете спремни на секакви пресврти. Приоритетите се менуваат и ќе ви биде потребен совет од некоја повозрасна и разумна личност. Бидете сензитивни, а не калкулативни и ќе изберете добро.

РАК: Месечината во вашиот знак ги расфрла своите убави дарови и вие сте среќни и задоволни. Некој би рекол дури и самозадоволни. Сега е добро да се спремате за скорешниот успех и вложете се во напорна работа, имајќи го во фокус саканото. Можеби не се чувствувате сосема на свое, но вашето време доаѓа!

ЛАВ: Целото ваше внимание е вперено кон една единствена цел: да истраете во започнатиот проект, кој ќе ви ги донесе саканите признанија. Планетите во Стрелец ви отвораат нови шанси, а вие ги имате потребните вештини за оваа работа – идејата е да откриете кога е време да ги употребите и како. Не брзајте.

ДЕВИЦА: Ве движат силни нагони и страсни мотиви – не ви е сосема јасно што се случува, но тоа е тоа, не постои друг начин. Се отвораат шанси да направите промени во животот или барем во некој негов сегмент, а сè што треба да запазите е да ги ставите работите во пишана форма т.е. договор. Будно разгледувајте наоколу.

ВАГА: Имајте во предвид дека сите проекти зависат од основната свесност за важноста на проблемот. За да избегнете можен колапс, бидете остроумни и не инсистирајте да дојдете до саканото – би можеле да бидете сфатени како ексцентрични или невротични, а тоа не ви е идејата. Организирајте се добро.

СКОРПИЈА: На самиот почеток од работната недела е добро да знаете дека залудно се перчите. Зад вас се успеси, а сегашниот предизвик лежи во тоа да изградите солидна база, врз која ќе може да се потпрете и во иднина. Таа треба да го поддржи вашиот развој и растење – изберете ја најсилната понуда! Имате среќа.

СТРЕЛЕЦ: Пред вас е убав и долг период на среќа и просперитет, повеќе планети ве поддржуваат во вашите напори. Отстранете ги сите свои дилеми и направете ја потребната трансформација на духовно ниво. Вашите напори не се залудни, затоа не се плашете, продолжете со верба и сигурност во победата и ќе успеете.

ЈАРЕЦ: Денес ќе сакате да тргнете по сопствениот пат – да, сè уште може да се потпрете на старите начини на работа, но доколку ја смените тактиката, може да ја смените и конвенцијата! Добро се борите со спротивставените влијанија и со верба, на крај на денот ќе успеете да извојувате своевидна победа. Имајте такт!

ВОДОЛИЈА: Вие отсекогаш сте сакале да ги правите работите на свој начин, па дури тоа и да значи дека ќе треба да останете сами. Добро е да знаете дека имате сè што ви е потребно за да ги остварите своите планови, а најважна е добрата волја. Дел од лекциите се сфатени, а дел остануваат за ревизија. Слушајте ја интуицијата сега.

РИБИ: Прекрасни аспекти кои ве ставаат на ново патешествие: во социјалните средини следете ги стандардите, а новите идеи претставете ги со доза на благородност. Нема потреба да ја покажете својата горечка страст, туку бидете свесни и умерени – вашата инспирација ќе ги освои туѓите срца! Уживајте во оваа моќ.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com