Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Ладни, смирени и прибрани – сега би можеле да водите прекрасно со вашата фасцинантна личност. Притисокот како да нема никаков ефект врз вас. Сега треба да одберете што е најдобро за вас, бидејќи сите опции не ви одговараат. Шанси за исправно дејствување.

БИК: Бидете разиграни и преаранжирајте ги сите можности, сè додека не се појави онаа вистинската на која што чекате одамна. Можете да си играте како дете во песок и да правите разни форми бескрајно. Така ќе дојдете до потребната идеја и ќе знаете како да дејствувате.

БЛИЗНАЦИ: Се соочувате со деликатност во справувањето со колективните работи – сега е добро да останете блиску до брегот. Имате потреба да побегнете од рестриктивните односи и знаете дека постојат работи кои се надвор од ваша контрола. Разбудете се и дојдете си на себе.

РАК: Доколку во вашите односи не делувате коректно, ќе се појават протести. Би можеле да се соочите со притисок од оние кои ги сметате за помалку вредни. Немојте да сте стаписани, туку сменете ги навиките. Сфатете дека она за кое што се држите, ве спречува да растете.

ЛАВ: Планетарната ситуација укажува на нов пат кој вклучува промена во однесувањето и искуството. Нешто како кога матурантот станува студент. Некаде патем се случува промена во перцепцијата. Потоа се менува и реалноста. Трезвеност.

ДЕВИЦА: Денес доаѓате до откритија и моменти на инспирација. Ова е „аха!“ моментот. Креативните сили се будат и сега појасно ги согледувате нештата наоѓајќи го сопствениот извор на енергија. Разрешете ги конфликтите. Почнете режим на диета. Сменете околина.

ВАГА: Се јавува потреба да ги водите другите во некоја активност и да се жртвувате во нивно име. Така би можеле да заземете авторитетна позиција. Доживувате успех во соработка со останатите, но не и доколку самите трчате кон врвот. Заедништво. Мудрост.

СКОРПИЈА: Денес е важно каков впечаток ќе оставите – бидете со добар карактер и интегритет. Можеби ќе треба да одите онаму каде што одат и останатите, но знајте го своето место во друштвеното милје. Одите кон повеќе од она што го сака масата. Експанзија.

СТРЕЛЕЦ:Имате чувство како да сте обземени од невидливи енергии. Доколку се уплашите, ќе останете парализирани. Но доколку останете смирени, ќе доживеете своевидно будење. Гледајте се себе како некој што може да трансмитира голема сила.
ЈАРЕЦ: Би можеле да бидете занесени од неконтролирани страсти, емоции и уверувања. Треба да знаете дека духовниците се унижуваат за да дојдат до повисока позиција и реализација. Прашајте се дали дејствувате исправно. Можеби ова не е вашата шанса.

ВОДОЛИЈА: Не инсистирајте на својата страна, туку научете да ги прифаќате природните циклуси на нештата. Сега е добро да обрнете внимание на дневните навики, да вежбате, да се храните добро и да ги покриете своите основни потреби. Стабилизирајте се. Комфор.

РИБИ: Предадената служба во име на некоја цел или инспирација, се заснова на посветување на почувствуваната идеја за просветлување. Доколку го нема ова, нема да има мотивација да се следи било кој пат. Обрнете внимание на личните врски и имајте хумор.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com