Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Со Месечината во својот знак сакате да воспоставите некој свој идеал, кој ќе биде со долготраен карактер. Добро бирајте ги зборовите што ги употребувате и немојте да сте слепи пред туѓите сугестии. Бидете чесни и директни во сите свои постапки и делувајте без преправање, а со чувство за хумор. Остроумност.

БИК: Размислувате како да го надминете последното финансиско фијаско и ви треба време да го совладате градивото. Дел од проектите се одвиваат, а останатиот дел се сѐуште во дормантна фаза, затоа повлечете се за да откриете како најдобро да го истражите непознатото. Ви треба да разберете што да очекувате.

БЛИЗНАЦИ: Време е за избори, воспоставување на партнерства и важни одлуки – денес ќе дојдете до информации со поволен карактер, кои е пожелно да ги разгледате. Имајте умерен пристап и послушајте како другите ќе ве поддржат во вашите намери. Смирени и исконтролирани, ќе оставите убав впечаток околу себе.

РАК: Веќе делувате само според своите интереси и немате чувство за туѓата мака. Бидете објективни и најдете начин како да ја надминете опозицијата, наоѓајќи сила да продолжите. Бидете креативни, смислете нешто и изнајдете подобар начин да ги проширите своите потенцијали, а за ова треба да верувате во себе!

ЛАВ: Прекрасен ден во кој сте поддржани од убави аспекти – Месечината во Овен ќе ви донесе средба со помлада женска личност, која што има да ви понуди нешто. Некој креативен проект, за кој што вие одамна сте спремни. Затоа не губете време, видете кој може да ви помогне, а кој не и продолжете понатаму. Идеи.

ДЕВИЦА: И покрај сите потешкотии, постојат вредни цели кои што е добро да ги следите. Не гледајте назад, туку најдете време да се повлечете од сите случувања, за да изнајдете подобар начин како би се вратиле. Во вас вријат идеи, сѐ што треба е да го чуете сопствениот глас. Потоа ќе дојдете до потребните луѓе и поддршка.

ВАГА: Веќе сте со скршено срце – не можете повеќе да ги трпите туѓите зборови! Потребен ви е искусен човек или ментор кој ќе ве советува како да дојдете да заеднички корисно решение. Пред вас е долг пат и не е наодмет да слушате внимателно. Период со прекрасни шанси за напредување – искористете го.

СКОРПИЈА: Сега е добро да бидете отворени за конструктивна критика – научивте многу работи кои ќе ви помогнат да стигнете до помирни води, заедно со своите најблиски. Ако сакате совет, еве еден пријатели: бидете фер и чесни и стремете кон баланс и хармонија. Однесувајте се убаво и не нагласувајте ништо. Правда.

СТРЕЛЕЦ: Планетите укажуваат на просперитетни шанси – направените инвестиции ќе донесат некоја добивка, која задоволно ќе ја споделите со саканите. Прекрасен ден во кој што уживате во нови информации, идеи и ненадејни средби со необични луѓе. Бидете отворени за туѓите влијанија и уживајте во среќата!

ЈАРЕЦ: Ова е важен ден за вас и иако треба да ги претставите своите идеи, нешто зачувајте и за себе. Не брзајте во ништо, не мора сѐ да се каже, трпеливо барајте умерени зборови и гестови со кои ќе дојдете до заслужената позиција. Во блиските врски добро е да си дадете слободен ден – уживајте во тоа.

ВОДОЛИЈА: Средба со помлади личности кои весело уживаат во животот – така и вие ќе го вратите својот баланс и ќе станете задоволни со своите постигнувања. Ќе успеете да завладеете со себе и своите чувства, но знајате дека пред вас претстои борба во која ќе треба да ги поткрепите своите ставови.Бидете храбри.

РИБИ: Неочекувани случки кои ќе ве втурнат во нечии прегратки. Колку убаво и да звучи ова, сепак бидете внимателни и не верувајте на сите светкави ветувања. Можеби другите се со скриени мотиви? Ако превземете некоја одговорност, бидете и сигурни дека ќе може да се исносите со нејзината тежина. Верувајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com