Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Денес се појавуваат прекрасни шанси за напредување и сега знаете што треба да се стори и без многу објаснувања. Задоволни и во центар на вниманието, се среќавате со некаква енигма, а поривот да дознаете повеќе и да разберете подлабоко ќе е силен. Сепак, добро е да оставите простор за мала таинственост.

БИК: Треба да истапите на професионален план – човечката трговија зависи од тоа каде одат луѓето. Во овој случај, денес ќе има многу движење, нови идеи и дискурси, а тоа е добра работа. Немојте да сте несигурни, продолжете фиксирани на својата цел и до вечер ќе уживате во изобилство со саканите.

БЛИЗНАЦИ: Како да имате рендгенска визија, точно ги гледате работите што се кријат под површината. Вашата интуиција е неверојатно силна, зрачите со голема самодоверба и практично ги користите своите вештини. Сепак, добро е да останете во заднина и да уживате во мир со своите блиски. Шанси ќе има.

РАК: Ако досега бевте во заднина, сега ќе дојдете во прв план и обратно – сега работите ќе излезат на виделина. Ќе треба храбро да се заземете за себе и да ги браните своите позиции, а потоа да се повлечете за да размислите јасно како понатаму. Така ќе добиете свеж воздух и ќе си го вратите водството одморени.

ЛАВ: Со носталгија се сеќавате кога бевте во полна сила и имавте убави позиции, но не е сè изгубено, можеби сте само нетрпеливи веќе? Искористете ги старите пријатели и познанства, разменувајќи информации, контакти и искуства – така ќе дојдете до креативни решенија. Немојте да сте жртва на својот намќорлак.

ДЕВИЦА: Се држите премногу цврсто за своите убедувања, а на финансиски план веќе треба да штедите! Немојте да сте уплашени, бидејќи има каде да се обратите – ќе помогнете и за возврат и самите ќе бидете помогнати, но не брзајте, не сте на натпревар! Правете постепени чекори и видете како се менуваат работите.

ВАГА: Со ретроградната Венера во својот знак веќе некое време сте во конфузна состојба, сето ова веќе ви е премногу. Се трудите да бидете внимателни и гледате каде газите, барајќи начини да ги реализирате сите фини идеи до кои дојдовте до сега. Нема потреба од загриженост, веќе утре ќе сте задоволни!

СКОРПИЈА: Размислувате како да се ослободите – удобностите ја задушуваат природната креативна енергија. Нема долго да чекате за промена, таа ќе ви дојдат вам и тоа гласно! Веројатни се контакти со помлади личности, кои ќе ви понудат свежи идеи. Разгледајте добро што од сето ова е за вас и продолжете смело.

СТРЕЛЕЦ: Сега размислувате за две опции и двете еднакво привлечни. Месечината во Водолија ќе ви помогне интуитивно да откриете што лежи во суштината на нештата. Можеби ќе ви треба време да се повлечете, а во кое ќе размислувате за разни стратегии и начини за напредување. Внимавајте на нечувствителноста.

ЈАРЕЦ: Се појавуваат многу шанси и сè се чини веројатно – ако наидете на некоја искрена и сочувствителна личност, направете ги првите чекори. Дискутирајте за идеите, чујте се меѓусебно, но не раскажувајте премногу, зачувајте нешто и за себе. Внимателно следете ги своите цели, бидејќи утре веќе може да не се тука.

ВОДОЛИЈА: На далеку се слуша вашиот глас, токму тогаш кога тој треба да е тивок. Бидете задоволни со сопствените постигнувања и не се величајте. Кога ќе ја постигнете саканата смиреност, нема да имате потреба да добиете внимание однадвор. Ако имате нешто конкретно да кажете или направите, другите сами ќе си дојдат.

РИБИ: Го имате необработениот материјал во свои раце и сега е добро да го покажете – можеби не е совршен, но и тоа е во ред. Сега е време да ја презентирате својата идеја, а за која ќе добиете пофалби и воодушевување. Нема потреба да се воздржувате и да сте сомничави, туку откријте ги своите емоции. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com