Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Зошто сте љубоморни на минатите љубовни врски на вашите љубени, дури и на оние со кои туку што се запознале? Обидете се да ги замолчите своите внатрешни стравови, инаку ќе изгорите од страст. Ништо нема да функционира, доколку не им овозможите слобода на партнерите.

БИК: Денес сите се волни да простат, па така и вие – правите мали отстапки за да бидете добри кон другите. Оваа идилична емотивна атмосфера ви одговара и сфаќате дека љубовта е силата која што го движи светот. Напредувате на секое поле и ја користите енергијата во размена на информации.

БЛИЗНАЦИ: Кога станува збор за емотивниот живот, предадени сте целосно – се појавуваат шанси кои ветуваат и добро е да ги искористите. Ако сте сами, не чекајте, а доколку сте во врска, не претерувајте за да ѝ побегнете на досадата. Тежнеете кон поголема автономија на работното место.

РАК: Со Месечината во својот знак, повторно се чувствувате безгрижни, речиси како тинејџери. Имате убава насмевка на лицето и зрачите со необичен шарм, а тоа им влева доверба на луѓето – среќата е дефинитивно на ваша страна! На работното место се адаптирате, правејќи ги нужните промени.

ЛАВ: Денес вишокот на страст може да ве доведе до неволја – немате време за конвенцијата, правилата и здравиот разум и не се срамите да ги изјавите своите емоции на личноста која што го заробила вашето срце. Е тоа е страст! Само да се надеваме дека ќе има реципроцитет во овој однос.

ДЕВИЦА: На професионален план осигурајте се дека сте на вистинската страна – со други зборови согласувајте се со шефот. Планетите ви велат дека малку дипломатија нема да пречи, напротив ќе се исплати, како и пофлексибилниот став. На интимен план имате добра причина да сте среќни. Насмејте се!

ВАГА: Сега сте олицетворение на мир и љубов – ќе успеете да ги убедите саканите во својата гледна точка, без потреба за залажување или непримерен ентузијазам. Имате речиси магнетска привлечност и луѓето ве слушаат, без да трепнат. Идеален ден за средување на ситните проблеми.

СКОРПИЈА: Не си дозволувајте да бидете фрустрирани поради емотивниот живот – можни романтични средби, но кои ќе покажат дека не се со траен карактер. Вие праќате сигнали дека сакате да се поврзете на подлабоко ниво, но ако брзате многу, ќе ги ставите саканите под голем притисок.

СТРЕЛЕЦ: Постои страст во воздухот и ова е време на интензивни чувства, страсни декларации и нежни и сензуални средби. Не постои нешто што би ја заматила оваа среќа, љубов и интимност, затоа уживајте додека можете! Професионалната сфера е полна со пофалби и амбицијата расте.

ЈАРЕЦ: Месечината во Рак укажува на некоја тешка ситуација, која индицира дека вие или некој друг игра двојна игра. Постои атмосфера на прикривање, дури и лаги. Но постои шанса овие емоции да немаат реална основа, затоа престанете да се докажувате и смирете се. Внесете малку дипломатија сега.

ВОДОЛИЈА: И вие сте занесени и под притисок на силни емоции, но не им дозволувајте да ве преплават. Бидете решителни да ги реализирате своите приватни планови во реалност, развивајќи ја чувствителната и рецептивна страна. Кога станува збор за шармот, не се двоумите во својата оригиналност.

РИБИ: Повеќе аспекти укажуваат дека автомобилот ви вози со полна пареа напред, во однос на интимните врски и љубовта. Сепак, внимавајте да не се превртите некаде возејќи со толкава страст! По патот ве демнат дупки и замки, затоа не брзајте, приспособете ја брзината и проучете каде патувате.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com