Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Доколку сакате вашиот емотивен живот да напредува, ќе треба да донесете важни решенија, а тоа веќе ви претставува тешкотија. Ова не е ден за безгрижност и непромисленост, затоа внимавајте и на работното поле – импулсивноста може да ги зачуди авторитетите.

БИК: Повеќекратни опозиции укажуваат дека ова нема да биде лесен ден на интимен план – усогласувањето со другите може да е тешко. Можеби сите наоколу ви се чинат среќни и задоволни, но тоа само ја прекрива реалноста со илузорен шарм. Престанете да се грижите и забавувајте се!

БЛИЗНАЦИ: Сè се одвива според саканото и денес сте олицетворение на најпријателското суштество на планетава! Комуникативни, полни со разбирање и љубов, ги освојувате срцата на сите и сè околу вас. Оваа искреност ја пренесувате и на работното место и мотивацијата ви го носи саканиот успех.

РАК: Со сегашното размислување би можеле лесно да дојдете до нови романтични врски – пријателствата може да станат романси, но и во романсите ќе внесете доза на пријателство. Убав ден кој ветува интересни средби, хармонија и интимност, а во работата сте мотивирани од потребата за промена.

ЛАВ: Среќа и хармонија во блиските врски – денес не барате многу, а ќе уживате во голема среќа и задоволство. На убавите гестови од страна на другите, возвраќате со иста мера и така ја потврдувате љубезноста од своја страна. Кога станува збор за работата, вложете малку повеќе труд.

ДЕВИЦА: Денес се перчите и тоа на љубовен план – се чини дека среќата е на ваша страна, а Месечината во Бик го потврдува тоа, сервирајќи ви интересни средби со спротивниот пол. Не се двоумете, туку прифатете ја оваа шанса. Сега сте способни да комуницирате добро. Долготрајни промени.

ВАГА: Денес, драги пријатели, буквално блескате однатре! Сонцето гарантира хармонија, заводливи моќи и блажена среќа. Повеќе немате дилеми во однос на чувствата на вашите најблиски и затоа јасно ги изразувате своите емоции. Вие сте среќни – тоа е очигледно! Успех и напредок во работата.

СКОРПИЈА: И пред вас се убави романтични изненадувања, но прашање е дали ќе успеете да ги препознаете? Дали сте спремни да ги раширите рацете во прегратка или ќе им дозволите на дилемите да ве парализираат? Сега уживате во широк круг на пријатели, но оставете ја несигурноста на страна.

СТРЕЛЕЦ: Ако не го ублажите својот ентузијазам денес, лесно би можеле да дојдете до катастрофа. Внимавајте на прекумерното однесување, што нема да го ценат оние околу вас. Тоа може да резултира со покачен тон, остри зборови и со трескање врати, за кое подоцна ќе зажалите.

ЈАРЕЦ: Работите се чинат мрачни, што се однесува до љубовта – сè што може да направите е да седнете во некое катче и да се исплачете или да си ја негувате моменталната несигурност. Што ќе преземете? Искористете ја самотијата за да ги разгледате шемите по кои се однесувате. Коригирајте се.

ВОДОЛИЈА: Вашиот социјален живот ќе биде збогатен со нови пријателства и средби. Благодарение на убавите аспекти, уживате во среќа, задоволства и ќе работите со луѓе од други земји или култури. Се отвораат и шанси за патување, но дали сте спремни? На работа има само работа и работа.

РИБИ: Благодарение на неколку убави аспекти, денес зрачите со доверба и имате блескава насмевка на лицето – вашата романса цути и среќата е дефинитивно на ваша страна. Но тоа не значи дека треба да ја отворите вратата за сите! Внимавајте да не ја помешате наивноста со довербата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com