Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Во однос на емотивните врски, свесни сте дека треба да направите пауза и да ја побарате саканата стабилност на друго место. Планетите укажуваат на привремена разделба. Само со правењето на радикални промени ќе успеете да ја задржите сегашната врска. Промени на работното место.

БИК: Во љубовниот живот влегуваат нови лица, средби и познанства и кој знае, можеби некој од нив ќе стане новата личност со која што ќе ја делите интимата. Појдете на ручек со старите пријатели, напијте се кафе со новите и излезете на игранка вечер. Ќе си минете незаборавно!

БЛИЗНАЦИ: Не е добро да носите трајни решенија, под притисок на привремени, но моќни емоции. Сигурно е дека имате енергија да се справите со сè што ве прави несреќни и затоа сакате да земете свеж здив и да се ослободите. Секако, за сè треба многу внимателно да размислите.

РАК: Сонцето од Скорпија влијае на емотивниот живот и сега вашето срце чука во побрз ритам, поттикнато од неизбежни настани. Она што ве привлекува е некоја стара страст и тоа е толку моќно, така што ќе заборавите на сè и ќе се обидете да го искористите сиот свој шарм во таа потрага.

ЛАВ: Добро размислете пред да преземете нешто – можеби сега брзате без да размислувате за последиците, но ќе треба да внимавате, особено во блиските врски. Вашите љубени нема да се среќни ако срцето ви лета насекаде како пеперутка, затоа внимавајте. Не брзајте ниту при работата.

ДЕВИЦА: Во однос на љубовниот живот, денес сте обесхрабрени и апатични, но не губете волја, веќе утре работите ќе бидат поинакви. На работното место би можеле да доживеете неочекувани случки, но тоа не треба да биде причина да го напуштите бродот ако сметате дека тој тоне. Издржете.

ВАГА: Сега напредувате во романтичната сфера и тоа толку брзо, што до вечер би можеле да се најдете засрамени од оваа врска! Доколку сакате сето ова да продолжи, но на здрави основи, ќе треба да забавите или да преземете друг пристап и така ги решите несогласувањата. Бидете мудри.

СКОРПИЈА: Со повеќе планети во својот знак, денес би можеле да имате недоразбирања во романтичните врски и тоа поради неволноста да се промените барем малку. Старите навики и однесувања повеќе не минуваат кај вашите сакани, затоа правете ги неопходните промени. Без зајадливост.

СТРЕЛЕЦ: Кога станува збор за срцето, денес сте прилично индиферентни, пријатели. Некоја случка може да ја прелие чашата и ќе треба да се повлечете малку и размислите за сè одново. Ова е ден кој што бара интроспекција, па потоа ќе може да дојдете до помирување. Размислете за иднината.

ЈАРЕЦ: За да ги допрете саканите луѓе, ќе треба да одберете убави зборови, како и да бидете целосно искрени – и онака многумина ве обвинуваат за хипокризија. Некои луѓе сигурно многу ќе ја ценат вашата искреност, а другите може да се навредат. Сепак, ќе покажете голема самодисциплина.

ВОДОЛИЈА: Но пријатели, каде исчезна среќата од вашиот живот? Каде е топлината? Можеби ви се чини дека сите се среќни, освен вие самите, но дали е навистина така? На работното поле ќе покажете голема истрајност, концентрирајќи се на долгорочните перспективи. Бавен, но сигурен развој.

РИБИ: Не дозволувајте површни работи да влијаат толку силно врз вашиот емотивен живот, тоа може да доведе до разделба. Затоа е добро да сопрете и размислите како ќе продолжите понатаму. Оставете малку простор меѓу вас и дајте си малку време. Можеби утре сè ќе се врати во нормала?

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com