Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Месечината во вашиот знак ги акцентира вашите таленти и сега би можеле да напредувате кон привилегирана позиција. Контактирајте ги клучните играчи кои би можеле да ве промовираат. Покажете ја својата умешност и имајте такт за другите. Штедење.

БИК: Сега ќе биде добро да бидете со воздржано поведение – бидете внимателни кон проблемите во односите со луѓето обидувајќи се да ги евалуирате нивните дела помалку критично. Штедете. Бидете спремни за неочекувани пресврти. Вашите желби ќе почекаат.

БЛИЗНАЦИ: Со голема свесност и интуиција откривате дека во вас постои страна која воопшто не ја познавате. Ова е време кога треба да ги отелотворите своите најдлабоки чувства, желби и соништа, но внимавајте на сите составни делови. Не чекајте повеќе – ова е тоа!

РАК: Пред вас се отвора период на богата жетва, а тоа значи дека ве следи среќна ѕвезда која ги осветлува сите ваши дела. Работите се одвиваат успешно и мазно и во блиска иднина ќе се подобруваат. Дојдете до потребната информација. Штедете. Бидете креативни.

ЛАВ: Го чекате успехот кој ви е навестен одамна, но тој никако да дојде. Рано е да се дејствува, но со мали и континуирани активности, секој ден ќе бидете поблиску до целта. Стабилност и сигурност да започнете со изградба на нова основа. Отворете се за посредништво.

ДЕВИЦА: Целосно апсорбирани во себе, внимателно разгледајте ја својата позиција. За сега вашето однесување треба да е љубезно, учтиво и резервирано, а поволно е да им изразите респект на авторитетите. Неочекувана случка која ќе ве исполни со радост. Не флертувајте.

ВАГА: Искористете го овој период грижејќи се за себе и своите потреби, како и тие на најблиските – на децата и семејството. Одвојте време за работа во градината или редекорирајте и аранжирајте по дома. Постигнувате баланс во афективниот сектор. Сигурност. Среќа.

СКОРПИЈА: Среќата ви е постојан придружник овој период, како и прогресот во кариерата, но добро е да помислите и на пријателите. Немојте да сте распиштолени и фриволни, туку поддржете ги во нивните настојувања и напори, доколку сакате лојални и реципрочни врски.

СТРЕЛЕЦ: Откривате активности и канали преку кои ќе ги развиете своите проекти – идентификација на ситуациите кои одговараат на вашите идеали. Воспоставете бизнис, партнерство или заедница. Работете во групи и развивајте ги вештините. Нова мисија. Сојуз.

ЈАРЕЦ: Многу е веројатно дека вашата сила може да се искористи против вас – можеби нема да успеете да добиете предност овој момент. Овој наизглед неуспех може да биде крупен или ситен во зависност од вашата посветеност. Животот е циклус – наскоро нова шанса.

ВОДОЛИЈА: Ги пребројувате силите и фрлате последен поглед кон неуспехот пред да тргнете напред. Сакате да ги проширите своите активности и да најдете нов начин за користење на алатките кои што ги имате. Решавање на проблеми поврзани со наследство и закон.

РИБИ: Со ретроградниот Нептун во својот знак добро е да се прашате што е потребно да направите за да ја погодите целта – вие упорно гаѓате, но никако да погодите. Дали е јасна вашата цел? Месечината ве поддржува да откриете што е она што ве исхранува. Посматрајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com