Хороскоп-Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Можеби ќе претрпите некоја тешкотија при остварувањето на своите планови. Ќе внимавате бидејќи е можен колапс – обидете се да се спасите на време. Што и да се случи, задржете го позитивниот став и избегнувајте нервозни или емоционални испади. Така ќе се спасите.

БИК: Постигнувањето на дисциплина се прави преку многу одрекувања – ако сакате да сте свесни, обрнете внимание на своето дишење. За почеток. Откако ќе ви стане удобно во телото и ќе ја почувствувате својата сила, ќе може да се придвижите напред со самодоверба.

БЛИЗНАЦИ: Како офицери облечени за парада, го фаќате чекорот со останатите, играјќи ја својата улога сосема добро. Сепак, внимавајте да не претерате со карневалот на вашиот пат кон успехот. Да заглавите во место – добро е да се прашате „Боже, како стигнав овде? Што се случува со мене?“

РАК: Ве водат вашите благородни цели и како вешт акробат летате без мрежа. Се чувствувате добро во предизвикувачките ситуации бидејќи тие го вадат најдоброто од вас сега. Откривате важен аспект од својата личност, но немојте тоа да го отфрлите на ѓубриштето.

ЛАВ: Како ориентален продавач на теписи, треба да знаете дека прво е добро да се ориентирате – избирајте добро според своите афинитети и истапете храбро. Успехот им доаѓа на оние луѓе кои ќе застанат со идеја и заземат став. Сега не е време за компромиси, напротив.

ДЕВИЦА: Направете слика во својот ум за тоа што и каде сакате да бидете во животот, но внимавајте на самовозвишувањето. Додека самата фасцинација е можно позитивна црта, предизвикот е да се фасцинира во име на конструктивни и креативни цели. Избирајте добро.

ВАГА: Добро е да знаете дека постои победа дури и во поразот – живееме во тешка реалност, со мали шанси за победа, па сетете се дека подобро е да се изгуби една битка, отколку цела војна. Направете го тоа со стил и грациозност. Тоа е вашата предност денес. Дипломатија.

СКОРПИЈА: Вашите сетила се будни и ослушнувате – разбудени сте за секоја шанса која ќе ви овозможи да напредувате конструктивно, но само ако имате капацитет за нови идеи. Колку и да се необични, ако сте рецептивни, ќе си отворите нови портали за успех. Партнерства.

СТРЕЛЕЦ: Обрнете внимание на дневните навики останувајќи приврзани за домот и традицијата. Денешната сила ќе ја влечете токму од своите корења и наследство, а не од некоја слика која што воопшто ниту сте. Навистина. Убави моменти со семејството и со саканите.

ЈАРЕЦ: Не сте сосема спремни за првиот лет, иако поривот е силен, сепак треба да причекате. Мудроста се состои во тоа, да се знае кога да се напредува, а кога да се отстапува. Понатаму во текот на денот ќе се појави убава шанса, затоа не избрзувајте. Бидете спокојни.

ВОДОЛИЈА: Се вклучувате со останатите во некој заеднички потфат и знајте дека ќе е ефикасно да соработувате со ова друштво. Обидувајте се со нови идеи, видете што може да помине, а што не и направете ги последните подготовки. Можна авантура. Отворете се.

РИБИ: Многу внимателно го прочистувате просторот околу себе, како свештеник кој чати со темјан, правите убава атмосфера. Ова е ритуал за прочистување, но исто така креира и амбиент за воодушевување. Чуда. Повисоки идеали и заедници со иста цел. Комуникација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com