Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Со високи стандарди и немирни, сепак добро ќе е да знаете дека не треба истите да им ги наметнувате на другите. Вашето си е ваше, а кај другите, како кому ќе му дојде. Пристигнувате на важна животна раскрсница и сега не е добро догматското и нетолерантно размислување.

БИК: Спремајте се за скорешниот успех – соберете ги потребните информации, предмети и знаење, за да не се чувствувате како да сте на погрешно место и во погрешно време. Попладнето, работите ќе го добијат саканиот правец, бидете спремни само да почекате.

БЛИЗНАЦИ: Имате чувство како да се давите, но нема кој да ви подаде рака и да ве спаси. Ако сепак ве спасат, тогаш добро. Доколку, пак, вие спасите некој, уште подобро. Најдобар начин да го наградите оној што ви помогнал е да го пуштите да си оди. Луѓето треба да бидат свои.

РАК: Вашите идеали добиваат конкретна форма, а тоа ви ја враќа самодовербата. Со чувство на нов идентитет започнувате нова мисија. Нови почетоци, додека некои фази од животот природно завршуваат. Навистина сте среќни! Ослободете се од старите навики и ситуации.

ЛАВ: Денес е добро да бидете мирни, да не правите никакви гримаси и да си ги чувате картите блиску до себе. Како добар покер-играч треба да знаете кога да ги држите картите, а кога да ги фрлите. Верувајте му на разумниот, но трезвен поглед кон било која работа.

ДЕВИЦА: Поддржани од другите, решавате да истапите и да ги направите потребните повици. Завршете ја работата со која ќе дојдете до нови контакти, можно од странство. Соберете ги потребните луѓе, идеи и документи и поврзете ги во една поголема разбирлива целина.

ВАГА: Можеби ќе се појави потреба да објаснувате некому нешто или интерпретирате за повеќе луѓе. Вие имате природен талент да им ги приближите работите на другите и направите поразбирливи. Откако ќе успеете денес во ова, ќе уживате во богато изобилство.

СКОРПИЈА: Ја барате својата цел меѓу другите луѓе и не е чудно што не можете да ја најдете. Неочекувани случки, со позитивни разврски. Знајте дека треба да изградите систем кој ќе биде конструктивен и доволно моќен да се носи со тешкотиите. Поставете здрави граници.
СТРЕЛЕЦ: Не оставајте слика за себе како за дете кое е обликувано според желбите на својата мајка. Зарем немате своја инспирација? Земете свеж здив – доколку некој ви го истисне од стомак, ќе ви биде тешко да земете нов и да си ја вратите силата. Вдишете и издишете. Ритам.

ЈАРЕЦ: Доколку сакате да ги пренесувате работите како папагал, најдобро ќе биде прво да слушате, а потоа да парафразирате. Бидете внимателни за некоја половична информација. Не позајмувајте ги туѓите идеи и дела. Во комуникацијата, повторете го само она што сте го разбрале.

ВОДОЛИЈА: Како да играте шах – смислувате стратегија и потези кои ќе ги користите кога ситуацијата ќе стане напната и нерешлива. За да го направите тоа добро, треба добро и да ги познавате правилата. Имајте трпение, нема да успеете сами, дури и ќе згрешите. Бидете понизни.

РИБИ: Можеби сте стресени и под тензија, но помошта доаѓа неочекувано, како мало ангелче со харфа во рацете. Не зборувајте отповеќе. Доколку се порамните и го фатите ритамот, сè ќе заврши сосема добро. Опуштете се во ритамот на убавата мелодија што лебди околу вас.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com