Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Сонцето во вашиот знак и пролетта започнува: тоа го означува момент на целата креација и иницијатива. Ги имате сите алатки да започнете тимска соработка и после долг период на збрка, сега постигнувате баланс. Вашата доблесна природа доаѓа во прв план и успевате да ја направите саканата трансформација. Голем успех!

БИК: Нагласени емоции со Полната Месечина во Вага и сега би сакале време за себе и своите интереси: направете пауза пријатели и внесете нов ритам во секојдневието. Можеби ќе треба за кратко да се одвоите од саканите, но без паника, бидејќи и тоа е потребно од време на време. Успевате да си ја вратите самодовербата. Среќа.

БЛИЗНАЦИ: Прекрасен ден за нови и спонтани врски: нежни и романтични, истражувате во областа на духовното и сакате да разберат што е можно повеќе. Пред вас се повеќе избори и ќе треба да ја фокусирате енергијата и да не губите време на маргинални работи: така вашите напори би биле залудни. Сега е време да бидете храбри и решителни.

РАК: Понудете го своето внимание дома, разбирајќи ги добро потребите на саканите: не се ставајте на прво место, инсистирајќи на внимание, туку развивајте чувство за понизност. Доколку сте гласни, набрзо ќе бидете напуштени, затоа сторете сè за да се заштитите. Ова е период кога треба смирено да размислите како да се подобрите. Без навреди.

ЛАВ: Убави влијанија кои го растреперуваат вашето срце: тоа чука со нов ритам и ги споделувате овие моменти со пријателите од минатото. Интуицијата е нагласена и сè што би сакале да правите е да истражувате и да научите нешто повеќе за светот во кој живеете. Успевате да ја покажете својата творечка страна. Телепатија.

ДЕВИЦА: Прекрасен ден во кој што откривате еден многу важен дел од својата личност: сега можете да си честитате на мудро направените избори. Дури и ако се соочите со тешкотии, ќе знаете како да се ослободите без поголем напор. Средба со личност која што ќе ги истакне вашите квалитети и таленти. Нов ангажман и промоција.

ВАГА: Денес покажувате колку сте агилни: доколку продолжите да ги третирате саканите онака како што го правите тоа, тие неминовно ќе си заминат. Вратите би можеле да бидат трајно затворени, затоа не сфаќајте ги работите површно. Разберете колку е важно да го смените своето однесување, за да може да напредувате. Соработувајте.

СКОРПИЈА: Конечно сте среќни: го оставате минатото зад себе и учите важни лекции. Нема место за жалење, во вашиот свет влегува ново светло и сега го гледате животот со нови очи. Како да се будите од долг зимски сон: вашите напори не се залудни, истрајноста се исплатеше и сега може да ги броите успесите. Пред вас е ново животно поглавје.

СТРЕЛЕЦ: Сонцето во Овен покажува дека денес ќе се претставите во светот: динамични и неодоливи, им се посветувате на пријателствата со голема љубов. Постигнувате ново чувство на слобода, а тоа е нешто што многу ви значи! Ова расположение се пренесува и на професионален план и имате за што да славите. Кармички промени.

ЈАРЕЦ: Ова е важен период: нагли промени, како да сте доживеале бура среде море! Сепак, по дождот доаѓа Сонце и набрзо ќе се смеете, работејќи со луѓе со кои делите заеднички афинитети. Одамна го чекате ова, затоа бидете екстра внимателни кон својата околина. Бидете разумни и не брзајте. Величајте ги успесите и славете!

ВОДОЛИЈА: Соочени со некаков вид на натпревар, денес ќе треба да сте храбри и истрајни: ако сакате луксуз и напредување на општествен план, ќе треба да сте одлучни! Го пренесувате своето знаење на децата или добивате некакво наследство. Не замижувајте пред вистината и ќе ја надминете критиката. Фокусирајте се на проблемот и ослободете се.

РИБИ: Можеби некои врски ќе останат во минатото, но нека не ве растажува тоа: сфатете ги работите филозофски и мудро чекајте го својот ред. Разберете ја различноста во целата креација и соочете се со она што заминува. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат со сила, тоа е невозможно! Простете се од минатото и бидете благодарни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com