Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Доколку успеете да останете на својот сегашен курс, можни се големи успеси, особено на професионален план. Финансиската ситуација се одвива сосема добро и имате капацитет да ги разберете тековните трендови: полни сте со љубов и разбирање. Пријателите се тука за да ви помогнат да го средите својот живот според саканата визија.

БИК: Страст и љубов во блиските врски, но не дозволувајте тоа да ја замагли вашата перцепција за реалноста. Одличен период за тимска работа во која се продлабочува меѓусебната доверба и лојалност. Култивирајте ги своите односи, развивајќи убави теми за разговор и дајте му нов смисла на својот живот. Уживате во убаво друштво.

БЛИЗНАЦИ: Минатото и иднината се некако чудно измешани во сегашноста: потребен ви е совет од сериозна женска личност која ќе ви ја објасни природата на љубовта и омразата. По малку неодлучни, ќе треба да избирате помеѓу две опции. Ситуацијата е доволно комплексна, затоа не ги мешајте своите емоции во ова. Откривате кој е на ваша страна.

РАК: Необична поделеност во емотивната сфера: емоциите се движат во ектсреми и животот личи на рингишпил. Разберете дека минувате низ фаза која е речиси пред својот крај, затоа соочете се со изминатите одлуки и не губете надеж. Сè што треба да направите е да го погледнете светот низ очите на саканите и ќе ја вратите рамнотежата.

ЛАВ: Денес е добро да се осамите и да му завртите грб на светот: можеби сте повредени или предадени? Марс во Бик ве подучува да се потпрете на својата мудрост и да не брзате: потребна е нова перспектива, како и напор во работата и храброст. Бидете умерени и ќе го средите емоционалниот и економскиот терен. Доаѓате до награди.

ДЕВИЦА: Добро е да ги послушате постарите и оние кои што имаат поголемо искуство: така се учи и расте. Ако нешто не оди според замисленото, нема потреба да се форсира. Најдете соодветно место за медитација и соберете сила. Имате заштита од повисоки сили – не очајувајте. Намалете ги очекувањата и ќе го добиете саканото. Договори.

ВАГА: Се враќате на своите корени и учите како да се дистанцирате од непотребните случувања: нешто ви смета во интимниот живот, а вознемиреноста не е добра база за воспоставување на нови односи. Нови потфати со финансиска конструкција, но не брзајте! Добро размислете чиј совет ќе го земете за валиден. Важни пораки.

СКОРПИЈА: Во континуирана битка помеѓу внатрешниот и надворешниот свет, сакате да постигнете личен интегритет, но прво ќе треба да си помогнете себе си. Научете кога да се повлекувате и да не ја трошите енергијата на неважни работи. Релаксирајте се, почестете се нешто и кажете си колку се сакате, На овој начин ќе бидете добри за сите.

СТРЕЛЕЦ: Ништо не е вечно, па така ниту тешкотиите: влегувате во поубав период во животот. Погледнете го светот од нов агол и сфатете дека вашите напори не се залудни: наградите ќе дојдат во свое време. Верувајте ѝ повеќе на интуицијата и пуштете зрак на надеж во себе: направете добро дело и со добро ќе ви се врати. Среќа.

ЈАРЕЦ: Земете ги во предвид советите од некоја непозната личност: таа тука е со некоја цел. Овие информации може да се корисни и да донесат финансиска сатисфакција. Венера во Водолија ѝ дава поддршка на вашата кауза, но внимателно разгледајте ги сите опции. Користете ја својата рационална и логична страна.

ВОДОЛИЈА: Како друштвени пеперутки, денес најмногу би уживале во љубовни задоволства: возбудливи и привлечени од страна на спротивниот пол, може да се јави одредена тензија во личниот живот. Целата таа арена на љубов и страсти ви е бесконечно атрактивна, но внимавајте да не се изгорите себе си од премногу давање. Романса.

РИБИ: Во партнерските односи доаѓа до интензивна привлечност: сега сте исклучително среќни, но ќе внимавате на својот темперамент, бидејќи може да спржите некој со силината на своите емоции. Вашиот суд може да е нереален, затоа не се обидувајте да постигнете успех по секоја цена. Воздржете се на кратко. Бројте до десет.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com