Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Ден кој бара адаптација – ако инсистирате да бидете во центар на вниманието, ќе ви треба поддршка од сите, во секој поглед. Пред да се впуштите во рингот, треба добро да се познавате себеси. Пробајте, обидете се и доколку добиете некој удар, ќе знаете како понатаму.

БИК: Доколку сте под стрес и нервозни, не донесувајте важни одлуки, не зборувајте ништо! Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе би можеле да се заплеткате, затоа повлечете се на некое посигурно место, каде што ќе може да промедитирате за целата ситуација.

БЛИЗНАЦИ: Можеби работите ќе ви се чинат чудни или несфатливи, но потоа ќе се свестите и ќе продолжите мазно да пловите низ својот свет. Доколку ви биде тешко нешто да започнете, дајте си време и не се откажувајте така лесно. Големите креативни умови го прават тоа успешно.

РАК: Се појавуваат шанси и врски, а вие како вешт оператор ги правите вистинските конекции. Сработете што имате денес, за утре да ви биде полесно. Би можеле да спојувате две работи заедно, да правите пар од нешто и да сфатите дека луѓето се поврзани во заедница.

ЛАВ: Будни и вредни, можеби ќе треба да ѝ се приспособите на конвенцијата заземајќи го своето место во редот. Знаете каде стоите. Внимавајте вашата сила да не биде злоупотребена против вас и исцртајте здрави граници. Нурнете во своите проекти. Безусловна љубов.

ДЕВИЦА: Сега е добро да направите пауза и да ги разгледате двете страни од прашањето – не ги сфаќајте работите лично. Откријте се себе си и карактерот кој што го потиснувавте и остварете ги своите соништа. Постигнување на нешто што отсекогаш било ваша желба.

ВАГА: Како на јасно небо, ги гледате сите точки и ги поврзувате во една поголема логична целина. Пред вас се отвораат нови врати и добро е да ги прифатите предизвиците. Можеби сега нема да успеете, но со време ќе дојдете до саканото. Средба со странци.

СКОРПИЈА: Прекрасен ден, во кој сте силно инспирирани, мотивирани и креативни. Сега добро ги познавате своите потреби, но ќе треба да ги анализирате новоформираните партнерства. Ќе имате време и да уживате со своето семејство и сакани. Топло гнездо.

СТРЕЛЕЦ: Сега учите и се здобивате со перспектива гледајќи ги работите од туѓ аспект. Можеби сето тоа ви е ново и нејасно, но ако се потрудите, навистина ќе успеете многу. Како ученик кој што гледа во книгата и вади цитати со кои што ќе прави презентација. Заедничка работа.

ЈАРЕЦ: Можеби ќе ви биде предизвик да застанете на нозе и како мало дете ќе се обидувате да зачекорите. Ако треба, потпрете се на останатите, кај некој близок, некоја организација или клуб – тука ќе се најдете себе си. Повисоките цели со благородна нота ќе ве привлечат.

ВОДОЛИЈА: Идејата е да отпочнете истражување и студија за нови ресурси. Можеби ќе треба да се откажете од нешто и адаптирате, но тоа нема да ве спречи. Ќе успеете да стигнете до саканата позиција, каде што ќе ги развивате своите таленти и понатаму. Стабилност.

РИБИ: Ќе треба добро да се снаоѓате во социјалните ситуации и да пливате вешто – да знаете кога да водите,а кога да се повлечете. Месечината во вашиот знак ја нагласува чувствителноста, затоа ако треба повлечете се и земете свеж воздух. Вистината излегува на виделина.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com