Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Имате толку работи зад себе, а сакате да напредувате повеќе од што е можно – ги имате саканите услови и поволни шанси, но ќе треба да се посоветувате со некоја етаблирана личност, која ќе ви даде понатамошни инструкции – сфатете ги зрело. Оваа средба ќе ви даде идеја како да успеете.

БИК: Едвај го дочекавте викендот за да се одморите по тешката и стресна недела. Многу егоистични игри, љубовни предавства, како и пропаднати бизнис зделки, но затоа, пак, извлековте добра лекција. Не е сè изгубено! Планетите ќе ви дадат шанса да ги искористите креативните потенцијали – верувајте ѝ на интуицијата.

БЛИЗНАЦИ: Добро сте искалкулирани, од самиот почеток и претставувате убава и весела слика за себе – ова е навистина одличен момент за уживање во изобилство, единствено нешто на што ќе треба да внимавате е да не се перчите премногу. Да, вам ви одговара луѓето да ви се воодушевуваат, но не претерувајте со тоа!

РАК: Иако доаѓате до влијателна позиција, сепак вашиот став е премногу крут – не дозволувате ништо да ги промени вашите уверувања. Постојат сериозни тешкотии, како на финансиски така и на емоционален план, а вие едвај се држите. Потпрете се на советите на некоја помлада машка личност. Мал успех!

ЛАВ: Прифатете ги работите такви какви што се и почекајте за поповолно време и услови. Набргу ќе се појават шанси за избор, како на професионален така и на интимен план и вие повторно ќе заблескате во сета своја сила! Запаметете дека основата е веќе завршена, сега остануваат само уште деталите. Бидете весели!

ДЕВИЦА: Најтешкото е зад вас – како цел свет да ви забил нож во грб, но сетете се дека најтемно е пред да зазори. Месечината во Риби ви нуди поволни услови да се одморите, а потоа да уживате во плодовите на својата работа – искористете го ова и повлечете во медитација, барајќи слатки зборови на утеха и инспирација.

ВАГА: Период во кој се можни информации од странските земји, во кои ви се сугерира да ги разгледате. Состојбата во која сте веќе станува мачна – вие викате, другите викаат и никој не доаѓа до саканото, освен третиот, кој секогаш користи. Бидете внимателни и не фаќајте се самите во илузорни стапици. Резон!

СКОРПИЈА: Дали претеравте минатата ноќ – се потрошивте ли повеќе од планираното, па сега мора да штедите? Или само заборавивте да се однесувате разумно и логично тогаш кога беше најпотребно? Сега тоа е минато, продолжете го викендот во мир, патувајќи некаде со саканите. Ќе се вратите повторно набргу.

СТРЕЛЕЦ: Голема амбиција, недоволна поддршка – иако имате важна функција, сепак дилеми постојат. Дали тоа е вистинската работа или не? Не ви е сосема јасно каде да ги инвестирате своите средства и време за да уживате во саканата благосостојба. Повлечете се во втор план, смислувајќи нова тактика. Ќе успеете!

ЈАРЕЦ: Има недоследности во вашата приказна: или криете или од вас се крие нешто. Размислете добро за далечните патувања и понуди оддалеку и прашајте се какви промени би можеле да ви донесат тие. Набргу ќе им објавите на сите какви се вашите намери и нема да оставите простор за маневар. Сериозни сте!

ВОДОЛИЈА: Не можат да ве сопрат – се соочувате со долготрајни последици од своите постапки, затоа бидете внимателни! Структурата што не е поставена врз здрави основи сигурно ќе се сруши, затоа обидете се да се ставите во втор план и повторно да ги разгледате нештата. Поработете на кротење на темпераментот!

РИБИ: Немојте да сте тажни доколку некој ја изигра вашата доверба, повлечете се за да го зачувате својот духовен мир! Набргу ќе имате шанса да ги промените работите во своја корист. Денес сте долу, но утре веќе горе! Затоа дигнете ја главата и нурнете се во своите инспиративни проекти – тие ви се духовна храна.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com