Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Убав период во кој што практично го користите својот интелект: поискусни за една цела година, стремите точно да разберете како да ги претставите своите креативни проекти. Вратите ви се ширум отворени, имајте верба и бидете истрајни: погледнете подлабоко под површината на водата и истражувајте како нуркачи. Решителност.

БИК: Со Месечината во Скорпија се отворате кон нови сетилни уживања: средба со помлада личност, која што ќе ви ја изрази својата љубов. Од вас се бара да бидете по малку воздржани и да не наседнувате на првите аморови стрели. Повеќе сте заинтересирани како да ја поправите финансиската ситуација и да се стабилизирате. Солуции.

БЛИЗНАЦИ: Брзи и нетрпеливи, размислувате како да го фатите првиот воз за пат околу светот: Меркур во Риби е сѐуште нејасен, затоа размислете добро каде да ги вложите своите таленти и ресурси. Застанете, дишете длабоко, а потоа давајте изјави на вечна љубов. Време на нагласени страсти, затоа прашајте се добро што е она што ве мотивира.

РАК: Еден чекор напред, а два назад, но темпото го диктираат повисоки сили: добро е што веќе имате идеја каде се движите, затоа бидете љубезни и со убавите зборови ќе ги намамите дури и змиите да ве сослушаат. Така иде поговорката пријатели, насмејте се ако се соочите со некоја потешкотија. Најдете време за пикник или краткотраен пат.

ЛАВ: Сега е време да го отстраните непотребното и да одберете што е вредно да остане: искористете ги потешкотиите за да се прашате што е она што ве вознемирува и обидете се да дојдете до баланс, разбирајќи дека сега е време за прилагодување. Лесно е да се каже, потешко да се оствари, но вие ја имате токму таа моќ. Работен викенд.

ДЕВИЦА: Најавувате промени: ова веќе долго се очекува од вас, но не мора да брзате и да ги прикажете сите откритија. Чувството за логика е во подем и сега сте непристрасни во проучувањето на новите информации. Важни и потребни промени во вистински час. Потоа следи и финансиски фидбек, како и поддршка од околината. Прославете!

ВАГА: Сега веќе ги наслутувате промените и учите како да бидете фер и праведни кон саканите: нема место за посесивност и црно-бело размислување, прашајте се колку нијасни постојат во спектарот на бои? Искористете го ова сознание и отворете се кон пријателите. Така би можеле да дојдете до нова работна позиција. Појдете на концерт.

СКОРПИЈА: Со нагласена интуиција, сега добро ги разбирате пораките што стигнуваат до вас: како да сте пред катедрала, на која што витражот е искршен на некои места. Можеби сте тажни, но ќе мора да продолжите напред фокусирани на пошироката перспектива. Тензијата ќе намали со текот на времето и ќе имате можност да славите. Забава.

СТРЕЛЕЦ: Дојдени сте до онаа фаза во развојот кога ќе треба да го прикажете и својот удел во работата: вие не сте само статист, туку вреден асистент на некоја важна фигура во општеството. Ова е личност со сочуствителна и искусна природа, која ги разбира и рефлектира потребите на другите. Со време ќе го постигнете истото ниво, а тоа е најважно.

ЈАРЕЦ: Не тежи светот толку колку што вие мислите: од вас се бара мобилизација и организација. Како да сте во чамец кој што плови по немирна река: дел од тимот весла, додека другите уживаат во природата немајќи слух за потребите на лидерот. Време е да кажете Стоп! за некои работи, па ако треба и да штедите. Најмногу себе си.

ВОДОЛИЈА: Се соочувате со контрадикторни влијанија од повеќе страни, а најмногу на социјален план: врзани сте помеѓу две сили и никако да стигнете до својот глас, па колку и да инсистирате на тоа. Сето ова е проект за само двајца, како вечера во тивко катче на некој убав ресторан. Не гледајте назад, кажаното не се брише. Најдете љубов во себе си.

РИБИ: Надминете ја конфузијата користејќи ги своите таленти на сочуство: прашајте се каде лежи проблемот? Работете вредно за да го отстраните јазот и покажете колку вредите. Не може вечно да се криете зад туѓата сенка. Ова е период за правење на избори и научете дека и човекојадците ги спасуваат луѓето од ајкулите. Со кој мотив? Разум!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com