Хороскоп: Што велат ѕвездите денес

ОВЕН:Се појавува шанса да ги искористите своите капацитети во некој потфат. Размена на идеи, како и интензивен општествен живот. Реципрочна врска со пријателите, во која заемно се чувствувате ценето. Сега имате повеќе време за акција. Љубов.

БИК: Убав период во кој ги обновувате старите контакти и ги користите дарбите и уметноста. Го редефинирате начинот на кој се претставувате во светот и многу веројатно ќе дојдете до позиција која ќе ја зголеми вашата самодоверба. Љубов. Нова кариера.

БЛИЗНАЦИ:Се чини дека колку што повеќе труд вложувате, толку повеќе не ви оди – добивате лоши резултати. Најдобро е да се посветите на учење и истражување, бидејќи тука ќе најдете олеснување. Внимавајте на трошоците, бидејќи постои реална можност за загуба.

РАК: Ова е транзиција и завршување на еден циклус. Сега ги менувате плановите и целите и со употреба на старите таленти, започнувате нова мисија. Сепак, бидете внимателни и ќе откриете дека може да им верувате на пријателите. Средби со спротивниот пол.

ЛАВ: Имате потреба за комфор – вежбајте, хранете се добро и водете грижа за своето здравје. Посветете им се на своите потреби, минувајте време во природа и стабилизирајте се. Прифатете го она што не се менува и извлечете лекција од тоа. Средби.

ДЕВИЦА: Не избрзувајте во донесувањето на решенија – на интимен или деловен план – многу е веројатно дека она што ви се нуди е понепрофитабилно отколку што се чини. Тоа важи и за новите врски и пријателства. Ова не е период за долги патувања. Резон.

ВАГА: Успешен период, кој може да го растурите со тврдоглавост правејќи грешка и отуѓувајќи се од оние што всушност може да ви помогнат. Бидете толерантни и понудете ги своите услуги. Можна вљубеност. Не играјте си игри и не ризикувајте. Трпение.

СКОРПИЈА: Ги користите знаењето и старите искуства и се здобивате со позиција да ги изразите своите таленти и чувства. Наоѓате ново значење во животот и сега сè има смисла. Некој од вашето минато се враќа, а вие се подмладувате, сеќавајќи се на сè. Невиност.

СТРЕЛЕЦ: Денешното депресивно расположение бргу ќе испари – не игнорирајте го добриот совет од пријателите и внимавајте на злобниот говор насочен кон другите. Поволен период за уметност и трговија. Не лутете се за она што не се менува. Следува среќа.

ЈАРЕЦ: Фокусирани и ориентирани на постигнување на своите цели, добро го користите влијанието од Месечината во својот знак. Разгледајте ги своите планови и живот – шанси за исполнување на вашите проекти. Продолжете со она што го одолговлекувате.

ВОДОЛИЈА: Се чини дека сте на крстосница, а другите како да се забавуваат со вашата позиција. Послушајте ги што ви одговараат и така ќе знаете како најдобро да постапите. Инволвирајте се во нивните проекти, а вешто скријте ги своите планови. Ќе успеете.

РИБИ: Од есенцијално значење е да внимавате на трошоците, бидејќи би можеле да западнете во неволја. Повеќе аспекти влијаат врз вашата судбина и среќа, затоа е добро да знаете да не се форсирате во ништо. Сега е време за истражување и учење.

Ирена Танчева
АСТРОЛАБ
tancevai@yahoo.com