Хороскоп: Шанси за девицата, изненадување за овенот

ОВЕН: Кај вас се случуваат длабоки промени и можни се изненадувања. Ништо однадвор не е важно, освен рефлексијата на вашето вистинско себство. Обидете се да не сте арогантни и горделиви и не се убедувајте дека целта ги оправдува средствата. Не барајте признанија денес.

БИК: Внатрешна тензија, недоверба или фрустрација во блиските врски. Не очекувајте премногу денес – ако ги повторувате старите работи, очекувајте да патите. Не гледајте во минатото за да не ја изгубите сегашноста. Можеби се соочувате со блокада, но сменете ја перспективата сега.

БЛИЗНАЦИ: Денес сте во можност да ги видите и најскриените страни од некое прашање и соочувајќи се со нив, ќе направите вистински потези. Знаете дека пред вас претстои работа, која ќе биде завршена со голема јаснотија и резон. Останувате цврсто втемелени во реалноста.

РАК: Иако се чувствувате блокирано, знајте дека сепак може да напредувате – потребно ви е трпение и чекање. Одбивате да бидете доминирани од страна на негативни емоции и искушенијата ги минувате со голема логика и резон. Заборавете на несовршеноста кај другите.

ЛАВ: Потребно е да внимавате на комуникацијата сега – ако нешто треба да се каже, не чекајте и сторете го тоа. Не им се предавате така лесно на искушенијата и се ослободувате од сѐ што ве кочи. Ослободување од опсесијата за пари и моќ, како и од стравот, слабоста и нерешителноста.

ДЕВИЦА: Месечината во Јарец ќе ви донесе поволни шанси – погледнете подлабоко во себе си во основата на вашето битие – тука ќе ги најдете своите најдлабоки потреби и моќни ресурси. Разиграни и спонтани, размислувате за важноста на личните врски во материјалните работи.

ВАГА: Денес ќе направите пауза за да се спремите подобро за скорешните настани. Можеби имате чувство дека сѐ е против вас, но таквото размислување нема да ви чини добро. Оставете нешто зад себе, за да најдете нешто сосема ново набрзо и повлечете граница во животот.

СКОРПИЈА: Успевате да ја надминете тагата и жалоста и продолжувате со животот прифаќајќи ги загубите. Сфатете ја вредноста на она што останало, а со што ќе дојдете до нова надеж и разбирање. Колку и да се лимитирани, пред вас сепак стојат избори, планови и амбиции. Резон.

СТРЕЛЕЦ: Не ја напуштајте работата среде реализација – со што и да се зафатите денес, може да очекувате убав развој на нештата. За сега нема да има брзи резултати, така што научете се да чекате. Времето е важен фактор во сѐ – како и во природата, така и во работата. Шпекулации.

ЈАРЕЦ: Пред вас се зазорува ново утро – Месечината во вашиот знак ги забрзува работите и сега завршуваат сите ваши страдања, кои ве доведоа до спиритуална трансформација. И покрај тешката реалност, се раѓа ново семе на победа и се здобивате со врвно знаење со жртвување.

ВОДОЛИЈА: Ќе биде добро ако најдете сила да се нурнете подлабоко во работите, со поголема грижа и свесност. Откако ќе го отстраните отпорот, тогаш ќе може конструктивно да работите. Тоа значи да ги исчистите и најтемните катчиња во себе и својата свесност. Барајте експерт сега.

РИБИ: Со ретроградниот Нептун во својот знак се чувствувате скоро замрзнато и не можете да мрднете. Обидете со се интелигенција и резон да ја сфатите вистината и правдата, како и она што ве спречува да напредувате. Отстранете го непотребното и направете место за новитети.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com