Хороскоп: Убав ден за бикот, среќа за рибите

ОВЕН: Планетарната ситуација укажува на потреба за баланс и за отстранување на сè што е непотребно. Така ќе дојдете до саканата трансформација и конечно ќе се исправите. Сменете ги приоритетите за да постигнете сè со време. Пат.

БИК: Повеќе аспекти ве ставаат во центарот на збиднувањата – пред вас се откриваат нови пространства и шанси и постигнувате успех, награди и долго заслужено признание. Ова е убав и успешен ден, полн со просперитет и радост.

БЛИЗНАЦИ: Се соочувате со промени и можни се изненадувања. Некои работи кои имале големо значење одеднаш се менуваат и продолжувате понатаму, оставајќи нешто во што вложивте голема сила и посветеност. Мотивирајте се.

РАК: Имате впечаток дека не ја погодувате целта, а правите сè што можете. Најдобро ќе биде да застанете малку и да размислите како да продолжите понатаму. Треба да се смените, а не знаете од каде да почнете. Размислете сега

ЛАВ: Денес имате чувство дека сте заглавени во некоја безнадежна ситуација од која е тешко да се извлечете. Знајте дека не е добро да форсирате ништо за сега. Реагирајте мудро, а никако според импулсите и верувајте ѝ на интуицијата.

ДЕВИЦА: Заштитени од Венера и Месечината во својот знак, зрачите со длабоко разбирање, зрелост и духовност. Многу веројатно луѓето ќе ви се обраќаат за совет и во чие релаксирано присуство ќе уживаат со леснотија. Рецептивност.

ВАГА: Господарите со ситуацијата, бидејќи ги направивте неопходните промени и лична трансформација. Решително им се предавате на новите интереси и проекти и со голема амбиција постигнувате успех. После дождот доаѓа Сонце.

СКОРПИЈА: Смирени и воздржани, денес не очекувате нешто особено, туку трпеливо си чекате на своето време. Се здобивате со моќна духовна сила и баланс, по периодот на тешкотии. Самоконтрола, трпение и чувство за такт.

СТРЕЛЕЦ: Денес нема брзи резултати, а може да се каже дека ќе има и променливи услови – во работата и надвор од неа. Бидете спремни за можни разочарувања поради нечии нетактични зборови. Откривате болна вистина.

ЈАРЕЦ: Неколку аспекти ви одат во полза и денес оставате впечаток на зрела и способна личност, која ги знае своите капацитети. Тешко е да ве поткупат со слатки зборови, а добро е да знаете и да не брзате во ништо – сè ќе си дојде!

ВОДОЛИЈА: Минувате низ спиритуална трансформација и потребна ви е самоконтрола. Дејствувајте исправно бидејќи постои потенцијал да се соочите со некаква болка или турбуленција. Ќе успеете да се извлечете со голема мудрост.

РИБИ: Пред вас се нови и необични партнерства и врски – се појавуваат нови шанси и се будат вашите апетити за љубовта и за животот. Се откривате себеси преку очите на другите и наоѓате баланс и хармонија во сите ваши врски. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com