Хороскоп: Романса за бикот, сила за ракот

ОВЕН: Пред вас се откриваат работи кои досега биле сокриени од голото око, па се здобивате со сигурност и јаснотија. Сега сте поврзани со својата есенција на подлабоко ниво и се ослободувате од дилемите, враќајќи си ја енергијата.

БИК: Денес се соочувате со трансформација и знаете дека штом една врата се затвори, потоа се отвора веднаш друга. Започнувате нов живот и можно е да патувате или да се селите во друг град или место. Интимни средби и романса.

БЛИЗНАЦИ: Работите многу – сакате да постигнете стабилност и само што дојдовте до активности или врски кои ќе ви помогнат да напредувате. Сега има со што да се пофалите и искористете ги специјалните моменти кои ќе се појават.

РАК: Полни сте со сила и спремни за работа – имате силна креативна енергија, но и импулсивност и емоции. Вклучете ги рацете во мануелна работа и имајте кураж. Присуството на деца околу вас ќе ве подмлади и ќе ви даде инспирација.

ЛАВ: Викендов кажувате сè што ви лежело на срце и го покажувате карактерот кој беше потиснат некое време. Сега немате страв да погледнете подлабоко во себе и да ги видите своите желби и соништа и да им се посветите целосно.

ДЕВИЦА: Овој викенд ја менувате средината и ги отстранувате врските и нештата кои повеќе не ви служат. Ослободете се од сè што ви е непотребно и воведете нова енергија во својот живот. Промени во непосредната околина.

ВАГА: Добро ги користевте вашите способности и добивате признанија поради завршената работа. Најдовте добар начин да се манифестирате себеси и вистинска атмосфера каде што сте ценети. Реципроцитет во врските. Влогови.

СКОРПИЈА: Со Месечината во својот знак се ослободувате од цел еден систем од кој зависевте веќе некое време. Можеби сте разочарани, но само за кратко, затоа што сфаќате дека вашите потреби не биле целосно покриени. Автономија.

СТРЕЛЕЦ: Овој викенд е добар да ги поправите претходно направените грешки и да ја докажете својата компетентност и способност. Дали вредеше да се борите за своите идеали? Заслужувате да бидете она што сте. Дајте си време.

ЈАРЕЦ: Свесни за својата специјалност, добивате чувство колку можете да си верувате самите на себе. Имате знаење, информации и зрелост да ги употребите своите таленти и сè што треба е да ги искористите. Нови проекти.

ВОДОЛИЈА: Сега е добро да ја редефинирате својата мисија и да си ја признаете својата вредност. Дадовте многу од себе на другите, но и врз вас беше и влијаено од туѓа страна. Бидете сериозни и признајте си колку напредувавте.

РИБИ: Се здобивате со позиција која ќе ви донесе стабилност, како и шанса да ги развиете и понатаму своите способности. Постигнувате поголем баланс во секојдневните активности и сакате да му се посветите повеќе на семејството.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com