Хороскоп: Одмор за лавот, среќа за скорпијата

ОВЕН: Со големо разбирање се придржувате до своите сопствени вредности и имате разбирање за животот и неговото значење. Точно знаете што сакате и пронаоѓате луѓе кои имаат исти интереси и кои ве разбираат. Нови партнерства.

БИК: Предизвици, храбри проекти и убедлива акција – започнување на важен проект за ваша лична сатисфакција. Потребна ви е сила за да ги искористите своите специјалности. Експанзија во бизнисот, испити или натпревари. Немир.

БЛИЗНАЦИ: Денес ја проширувате својата социјална мрежа и имате реципрочни врски и инвестиции во професијата. Ја развивате својата уметничка страна, а во интимата го користите сиот свој шарм за заведување сосема успешно. Подарок.

РАК: Ова е ден кога ќе треба да се заземете за себе и да се истакнете, затоа немојте да сте несигурни или срамежливи, туку покажете ја својата работа пред другите. Манифестирајте ги своите таленти и употребете ја својата умешност.

ЛАВ: Мотивирани и со изразена перцепција, денес откривате нови извори на стимулација – нови интереси, луѓе и активности кои ве мотивираат. Убава размена на енергија со блиските, како и голема хемија меѓу вљубените. Одмор.

ДЕВИЦА: Планетарната ситуација укажува на тоа дека денес доживувате своевидно олеснување, поради низа на судбински случки кои ќе ви помогнат да ги надминете несигурноста или траумата. Успешна реализација на некој проект.

ВАГА: Пред вас се промени, крај и почеток на некоја мисија, некоја сосема нова, со друга тематика. Ги ставате своите таленти на располагање и контактирате со личности од други земји и култури. План. Во личните врски средби со странци.

СКОРПИЈА: Правите напори да се ослободите од сè и сите, бидејќи имате сè што ви треба за да сте среќни. Не сакате повеќе да зависите од некои ситуации и луѓе, како што не сакате ниту од вас некој да зависи. Нов начин на живот. Среќа.

СТРЕЛЕЦ: Пред вас се откриваат многу работи и се здобивате со нова јаснотија и слободен проток на енергијата. Доаѓате во подлабок допир со својата есенција и верувања. Интимните врски доживуваат помирувања и разјаснети дилеми.

ЈАРЕЦ: Денес доживувате своевидна преродба, како и крај на некоја комплексна синтеза – така започнувате нов процес и креирање на нова персона. Сега знаете како подобро да се изразите себе си и да покажете сѐ што научивте.

ВОДОЛИЈА: Ги анализирате сите аспекти од својот живот, барајќи ново значење. Вашата судбина се менува и ова е пресвртна точка. Сега е време да откриете ново значење во својот живот и да отпочнете нов циклус и целосно нов проект.

РИБИ: Денес сте свесни за своите таленти и ги користите за да дојдете до некоја привилегирана позиција. Правите листа на приоритети и важни луѓе ви помагаат да се промовирате себеси. Привлекувате интересни луѓе во интимата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com