Хороскоп: Овните пред промени, рибите пред предизвик

ОВЕН: Набрзо може да очекувате големи промени – не започнувајте ништо ново за да не западнете во потешка ситуација. Можеби некој шири некакви шпекулации за вас, но не се плашете ако се случи да не може да се потпрете на своите пријатели. Лажлив однос со спротивниот пол.

БИК: Пред вас се отвора патување од спиритуална природа и можност да постигнете среќа и задоволство на повеќе полиња. Сега добро ги разбирате емотивните потреби на луѓето околу вас и се грижите за нив. Можна е неочекувана средба, информација или почеток на романса.

БЛИЗНАЦИ: Не им дозволувајте на околностите да ви го крадат духовниот мир и среќа – најдете сила да ја смените перцепцијата дури и во најтешките моменти и ќе увидите дека пола работа е решена со инаквиот став. Фокусирајте се на основниот проблем и ослободете се од тешкотиите.

РАК: Со Меркур во вашиот знак доаѓате во прв план, но не можете да се релаксирате. Затоа бидете вредни и мудри додека сте во предност и очекувајте големи промени следните шест месеци. Работите се движат во ваш правец. Добро е да ги разјасните тешкотиите во интимата.

ЛАВ: Имате чувство дека не успевате да ги постигнете своите цели и да наметнете визија за во иднина. Обрнете внимание на интимните врски и бидете смирени и ладни доколку се најдете во незгодна ситуација. Следните неколку недели подготвувајте се за убавиот период што следува.

ДЕВИЦА: Денес постигнувате баланс, како и внатрешна хармонија по период на долги искушенија. Потпишување на документи и договори на праведен начин. Легалните работи се одвиваат добро и нештата се движат во саканата насока. Давате и извршувате фер наредби.

ВАГА: Вашата ситуација е заплеткана и тешко ви е да управувате за да го извлечете најдоброто. Најверојатно вашата перцепција е сива, бидејќи вашите желби не се остваруваат. По пет месеци судбината ќе се смени кон подобро, а женска личност ќе ви помогне да ги тргнете препреките.

СКОРПИЈА: Не сте уплашени од непознатото и непредвидливото, напротив, со целосна верба ѝ се препуштате на иднината. Сѐ што треба да направите во овој момент е да бидете отворени и да верувате со авантуристички дух – таквиот став ќе ви донесе неочекувани идеи и слобода.

СТРЕЛЕЦ: Со голема зрелост и бескрајно трпение соработувате со другите толерирајќи ги различните ставови и мислења. Бидејќи добро ја знаете силата на вашите колеги, нежно го култивирате нивниот напор и труд, имајќи слух за нивните потреби. Голема дипломатија и такт.

ЈАРЕЦ: Важите за столб на зрелоста и трпението, но длабоко во себе се чувствувате несигурно и нерешително. Тежнеете кон моќ и сила, но немате доволно кураж, вистинска етика или работен ангажман за да го постигнете тоа. Шармантно заведувате, но во суштина сте неверни и себични.

ВОДОЛИЈА: Денес се здобивате со светска моќ и сила и успешно се справувате со општествените потреби. Ја користите својата ментална сила за да загосподарите со емоциите. Можна средба со влијателна личност, која ќе ви каже дека дел од вашиот живот завршува и почнува нов. Шанси

РИБИ: Би можеле да се соочите со неочекуван предизвик, кој ќе бара употреба на сила, а што може да е катастрофално. Она што не чини е лошата комуникација и затоа сте блокирани. Како и да е, преземете ги работите во свои раце и отплеткајте се од непотребното. Ослободување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com