Хороскоп: Нови почетоци за лавот, прекрасен ден за вагата

ОВЕН: Стагнација и вкочанетост, како да одбивате да заборавите на минатото и одбивате да правите промени поради зголемен страв. Ако размислите подобро, ќе сфатите дека ова е само тест и дека ви е потребна поголема јаснотија. Добро ќе биде да ги преиспитате своите мотиви.

БИК: Не губете надеж за важните работи иако се чини дека не мрдате никаде. Времето е важен фактор денес и сѐ што ќе преземете ќе донесе резултат, но во свое време. Потребно е да ги напуштите работите во кои вложивте време и труд, за да реализирате нови и попрактични идеи.

БЛИЗНАЦИ: Не ѝ дозволувајте на нерешителноста да ви го упропасти денот – прегрупирајте ги своите сили и реорганизирајте се, па успехот ќе си дојде сам по себе. Поврзете се со себе на подлабоко ниво сега и нурнете во искуството да живеете без да разбирате и проценувате сѐ.

РАК: И покрај предизвикувачките аспекти, сепак постигнувате јаснотија, контрола и мир при тешкотиите. Вашата интуиција е зголемена и пред вас се отвора ново поглавје. Успешно ги надминувате искушенијата, ситните проблеми или мали неуспеси. Фокус на дневните навики.

ЛАВ: Животот кој што го водите е при крај, а тоа значи дека ве очекуваат нови почетоци. Можеби чувствувате темнина како во тунел кој води во нов живот, а на крајот ве чека светлина. Внимавајте на финансиите и мрзеливоста и бидете спремни за шанса која наликува на загуба.

ДЕВИЦА: Месечината во Стрелец ја намалува вашата волја, но знајте дека пред вас се отвораат нови врати на успех. Внимавајте при средбите со останатите, не користете трикови или демагогија за да не направите грешка. Наполнете ги своите резерви на сила, а потоа давајте.

ВАГА: Прекрасен ден за напредување и профит – успех и великодушност во материјалните работи. Својата сила и моќ ја користите во благородни цели и со голема филантропија ја балансирате физичката и духовната страна на животот. Многу веројатно ќе добиете подарок.

СКОРПИЈА: Ретроградниот Јупитер во вашиот знак веќе некое време ве држи во исчекување – се чини дека не мрдате никаде. Избегнувајте ги себичните, материјалистичките и недоверливи ставови. Обидете се да направите мали жртви, па колку и да ви е тешко тоа. Глас на интуиција.

СТРЕЛЕЦ: Ѝ верувате на својата интуиција дека ќе ве однесе на подобро место или онаму каде што треба да бидете. Спремни сте да откриете нови предели и креирате нов курс, оставајќи го зад себе она што не може да се постигне. Истражувајте како може да си помогнете. Солуции.

ЈАРЕЦ: Сега е потребно да вложите поголема сила за да финиширате со започнатото и почнете нов ангажман. Тешкотиите може да се решат и разјаснат на индиректен начин. Иако постои опасност, сепак е добро да ја смените рутината која ќе ве одведе на посигурно и помирно место.

ВОДОЛИЈА: Немојте да сте наивни и исплашени – погледнете подлабоко во себе во основата на своето битие, обрнувајќи им се на своите најдлабоки потреби. Пред вас е новоформирано партнерство, а за кое ќе треба да делувате заемно. Сега бидете трпеливи, истрајни и посветени.

РИБИ: Средба со женска личност која е полна со внимание и разбирање за туѓите потреби и мотиви. Таа е природен советник и исцелител, чие присуство отелотворува длабока љубов и спиритуалност. Смирена поетеса која размислува за природата на набљудувачот. Рецептивност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com