Хороскоп: Непријатности за раковите, предизвици пред вагите

ОВЕН: Среќата и успехот не се денес на вашето мени, но запаметете дека најтемно е пред да зазори – имајте в предвид дека ова е само моментална состојба и не се грижете премногу. Не дозволувајте да бидете заведени од сензуални задоволства и опседнати со пари и моќ. Тајност.

БИК: Денес е добро да внимавате на слабостите во својот карактер кои може да ве доведат да ја злоупотребите својата позиција и сила. Не губете доверба или амбиција, а внимавајте и на тврдоглавоста – една грешка може да ги оддалечи сите кои што можат да ви помогнат. Трпение.

БЛИЗНАЦИ: Сега немате имагинација, ниту волја да се обидете со нов пристап, што и да почнете, нема да има резултати. Повлечете се за некое време и разгледајте ги идните планови подобро. Бидете трпеливи и сослушајте го советот од вашата пријателка. Стагнација.

РАК: Непријатен период, во кој не е добро да се почне што било – преголема самодоверба, лоши инвестиции и неразумно користење на материјалните ресурси. Личности на водечки позиции може да ви бидат од помош, но ќе треба да ги послушате. Не сфаќајте сѐ така трагично.

ЛАВ: По дождот доаѓа Сонце, па така сега се појавува шанса за успех – можеби ќе појдете на долго патување? Голем успех во работата, љубовта и науката, но имајте на ум дека ќе треба да штедите малце, бидејќи веќе се потрошивте повеќе од планираното. Продолжете со плановите.

ДЕВИЦА: Со Месечината во вашиот знак доаѓате до љубов и внимание, но како да не го цените тоа доволно. Можеби го игнорирате реалното, на сметка на нешто далечно и недефинирано. Не дозволувајте да ве фати апатија, туку отворете се за нови концепти, идеи и можности. Со верба!

ВАГА: Се соочувате со предизвик кој бара да биде решен со употреба на сила – бидете верни на своите принципи, дури и ако треба да ги смените плановите. Сега бидете задоволни со ситните успеси и победи – тие неизбежно ќе ве доведат до поголеми ангажмани – важни промени.

СКОРПИЈА: Сте се вплеткале во нешто за што ќе добиете вознемирувачки новости – нетактични зборови и осаменост. Иако сте нервозни, препреките не се толку страшни. Наскоро ќе се справите со нив, но само ако имате верба. Големи промени се пред вас, бидете трпеливи за нив.

СТРЕЛЕЦ: Се чини дека сите луѓе наоколу се против вас и на животот му фали баланс и хармонија. Смирете се и не се лутете, наскоро ситуацијата ќе се среди сама од себе. Тешко ви е да најдете сојузници, а некоја жена ве нервира. Засега не почнувајте ништо ново – почекајте.

ЈАРЕЦ: Денес не сте со сите – чувствувате дисбаланс и можен е реален конфликт. Затоа бидете умерени и скромни во сѐ. Смирете ги своите импулси и барања. Не се осамувајте, туку вклучете се во здружени активности. Дајте им слобода на работите да се движат по свое темпо и волја.

ВОДОЛИЈА: Ви недостига самоконтрола, ја губите дисциплината и одмереното однесување. Внимавајте да не ги распрснете своите сили на конфликти во личните, бизнис и спиритуалните работи. Обидете се да бидете потрпеливи и ладни – така ќе дојдете до непристрасни решенија.

РИБИ: Денес ви е потребен баланс, хармонија и интегритет. Чекате на решенија за да може понатаму да делувате. Тужби или судења, како и неправедни случки и последици од нив. Внимавајте на легалните работи, не озборувајте, а доколку е потребно, појдете сега на доктор.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com